Линкови за пристапност

САД се откопуваат од снежните наноси


САД се откопуваат од снежните наноси
САД се откопуваат од снежните наноси

Во Њујорк се измерени 91 сантиметар снег - шесто најснежно невреме во историјата на градот

Жителите на источниот брег на САД се откопуваат од силното снежно невреме викендов. Илјадници патници се` уште се затекнати на аеродромите, автобуските и железничките станици.

Трите главни аеродроми во Њујорк сега се отворени, но се преоптеретени поради надокнадувањето на откажаните летови. Многумина патници минаа два дена чекајќи на аеродромите, и тоа без багаж, кој веќе го имаа чекирано. Неделата и понеделникот вкупно беа откажани над 6.000 летови.

Во Њујорк се измерени 91 сантиметар снег - шесто најснежно невреме во историјата на градот. Ветриштата што достигнаа и до 128 километри на час само го отежнаа расчистувањето.

Затоа, пак, радосни се децата – училиштата се затворени, многу од родителите не се на работа, а снег има и отповеќе од доволно.

XS
SM
MD
LG