Линкови за пристапност

Бел Божиќ, но и голема главоболка


Бел Божиќ, но и голема главоболка
Бел Божиќ, но и голема главоболка

Откажани се илјадници летови на аеродромите во Њујорк, Бостон, Филаделфија и Вашингтон, а прекинат е и железничкиот сообраќај меѓу Њујорк и Бостон

Бел католички Божиќ, но и голема главоболка: силното невреме во североисточниот дел на САД донесе снег за празниците, но истовремено создаде хаос во сообраќајот кога многумина беа на пат за дома по празнувањето.

Националната метеороошка управа објави предупредување за зимско невреме од сојузната држава Мејн па се` до Њу Џерси и предвидува до половина метар снег во Њујорк и Бостон до понеделник навечер, со ветришта од 80 километри на час.

Откажани се илјадници летови на аеродромите во Њујорк, Бостон, Филаделфија и Вашингтон, а прекинат е и железничкиот сообраќај меѓу Њујорк и Бостон.

Гувернерите на сојузните држави Масачусетс, Мериленд, Вирџинија и Северна Каролина објавија вонредна состојба. Во јужните градови Атланта и Колумбија - по првпат снег за Божиќ од доцните 1800-ти.

XS
SM
MD
LG