Линкови за пристапност

Невремето во САД - без одраз на економијата


Невремето во САД - без одраз на економијата
Невремето во САД - без одраз на економијата

Експертите додаваат дека американските авиокомпании се поштедени од загуби бидејќи многумина од „заглавените“ патници се враќаат од патувањата за празниците што ги започнале уште пред Божиќ

Снежно невреме проследено со силни ветришта предизвика хаос во североисточниот дел на САД. Илјадници летови се откажани, а железничкиот сообраќај беше во прекин. Ова, покрај другото, придонесе многумина да не можат да завршат една од главните празнични обврски - традиционалниот шопинг.

Сепак, експертите велат дека невремето, за среќа, не се одразило на бизнисот. Иван Голд од компанијата Планалитикс, што го проучува влијанието на времето врз однесувањето на потрошувачите, коментора дека многумина кои ги посетуваат продавниците за време на намаленијата после Божиќ, се таму само за да ги вратат или да ги разменат добиените подароци, или пак да ги употребат картичките – поклони. Со други зборови, главниот дел на стоката е веќе купен. Експертите додаваат дека можеби е најдобро трговците да продолжат со намаленијата.

Големото снежно невреме минатата година имаше голем одраз на бизнисот. Се проценува дека ги чинеше трговците - две милијарди долари.

Американската национална трговска федерација предвидува дека трошоците оваа празнична сезона ќе достигнат 450 милијарди долари, што е покачување за околу 3 проценти споредено со минатата година.

Експертите додаваат дека американските авиокомпании се поштедени од загуби бидејќи многумина од „заглавените“ патници се враќаат од патувањата за празниците што ги започнале уште пред Божиќ.

Авикомпаниите очекуваат најпрофитабилна година во последните десет години, па и повеќе. Ова, заедно со солидната сезона на продажба за време на Божиќ, се смета за знак на надеж за американската економија.

XS
SM
MD
LG