Линкови за пристапност

Сан Антонио поведе со 2:1


НБА: Сан Антонио поведе со 2:1 против Мајами
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

НБА: Сан Антонио поведе со 2:1 против Мајами

Мајами недостоен противник во третиот дуел на финалето на НБА.

Сан Антонио ги олади „жешките“ од Мајами - сензационална победа од 113:77 за водство од 2:1 во серијата „најдобар од седум“ во финалето од НБА. Кај домаќините најдобри беа Дени Грин со 27 поени и Гери Нил со 24. Тим Данкан уфрли 12 коша, но имаше и 14 скока.

Тони Паркер во акција
Тони Паркер во акција
Гостите играа неповрзано и правеа многу грешки. Леброн Џејмс постигна 15 поени, а Двејн Вејд 16. Најсветла точка кај индиспонираниот тим на Мајами беше Мајк Милер, кој имаше 100% реализација на „тројки“ - 5 од 5.

Сан Антонио ја доби битката под кошевите и тоа се покажа пресудно за високата, двоцифрена победа. Спарс го заврши натпреварот со 52, а Хит со 36 скокови.

Следниот меч се игра во четврток во Сан Антонио.
XS
SM
MD
LG