Линкови за пристапност

Мајами фуриозно возврати


НБА: Мајами изедначи на 1:1
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:13 0:00

НБА: Мајами изедначи на 1:1

Перфектно второ полувреме за изедначување на 1:1 против Сан Антонио во финалето на НБА

Сан Антонио спарс ја почувствува жештината. Мајами хит го декласираше тимот од Тексас со 103:84 и изедначи на 1:1 во серијата „најдобар од седум“ во финалето на НБА.

Домаќините од Флорида на почетокот од третата четвртина направија серија од 33 постигнати и само 5 примени поени и предноста ја задржија до крајот. Кај домаќините, најпрецизен беше Марио Чалмерс со 19 поени, додека кај гостите Дени Грин со 17 поени, од кои 100% учинок за три поени, од 5 - 5!

Потег на мечот беше „рампата“ на Леброн Џејмс врз Тиаго Сплитер при обидот за забивање.

Ѕвездите од двата тима имаа непрецизна ноќ - Тони Паркер од Спарс постигна 5, а Леброн Џејмс - 7. Сепак, одлучувачки во овој меч беа загубените топки: Сан Антонио - 16, а Мајами само 6.

Следниот меч се игра утре во Сан Антонио.
XS
SM
MD
LG