Линкови за пристапност

Волерс: Македонија и НАТО


Абасадорот на САД во Македонија ги кометираше одлуките на НАТО во Чикаго

Македонија не доживеа пораз на самитот на НАТО во Чикаго бидејќи проширувањето на Алијансата воопшто не било на дневниот ред.Ова денска го порача американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс.

Во некои области во Македонија имаше фрустрации за процесот на интеграциите во НАТО и во Европската Унија. Овие фрустрации се очекувани кога сакате да станете членка на НАТО, а не можете. Државната секретарка Хилари Клинтон даде јасна порака дека вратите на НАТО остануваат отворени за проширување за сите земји кандидати, особено за Македонија.

Потребна е политичка волја на двете страни, и од Македонија и од Грција, за да се постигне компромис кој нема да биде лесен и ќе претставува болна одлука ...
Пол Волерс

Тој на денешната средба со новинарите појасни дека одлуката за проширување на НАТО мора да се донесе со согласност на сите земји членки. Пресудата на Меѓународниот суд во Хаг не создава обврски за земјите членки на НАТО, рече Волерс, со што Вашинготн не значи дека ја подржува позицијата на Грција.

Одлуката на Меѓународниот суд на правдата, како што претходно јасно ставивме до знаење, е одлука што се однесува на Грција и на Македонија и не е одлука што има јурисдикција над НАТО. НАТО има систем на консензус во однос на нови членки од почетокот на постоењето на алијансата. Тоа е систем за кој сме одлучиле во 40-тите години на минатиот век и според кој се примаат нови членки. Ако не постои консензусот,може да има многу негативен ефект на алијансата во целина, рече Волерс.

Во контекст на оваа амбасадорот на САД во Македонија уште еднаш апелираше да се ангажира полтичката енергија на решавање на спорот со името.

Потребна е политичка волја на двете страни, и од Македонија и од Грција, за да се постигне компромис кој нема да биде лесен и ќе претставува болна одлука,рече Пол Волерс.

Амбасадортг Волерс во контекст на актулните предизвици за стабилноста на регионот рече дека САД не гледаат заканувачки тренд во регионот, по петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, како ни од финансиската и политичката криза во Грција и изборот на Томислав Николиќ за претседател на Србија.
XS
SM
MD
LG