Линкови за пристапност

Бесими: НАТО и ЕУ остануваат наши определби


Македонија останува на својата определба за членство во НАТО и со тоа ќе генерира стабилност безбедност и развој на државата, во регионот и на светско ниво како што тоа го правиме и преку реформите во одбраната и преку учеството во меѓународните мисии, порача од Охрид министерот за одбрана Фатмир Бесими во рамките на Меѓународна научна конференција на тема „Безбедноста и Евроатланските перспективи на Балканот“.

Според него, сега е одлична можност Македонија уште еднаш да ја покаже определбата и стратешкиот приоритет - евроатланските интеграции и членството во НАТО и ЕУ.

„За Република Македонија нема поважен интерес од целта кон која упорно, макотрпно и посветено работиме - максимално реализирање на евроатланските перспективи“, истакна министерката за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкуловска.

На дводневната Меѓународната Научна Конференција на тема „Безбедноста и Евроатланските перспективи на Балканот“ учествуваат над 90 експерти од високо образовни институции од седум земји во Југоисточна Европа.

XS
SM
MD
LG