Настапот на претседателот на СДСМ, Бранко Црвековски на емисијата Икс Нула на Канал 5 телевизијата предизвика бура од реакции во јавноста. Тој притоа обелодени документ според кој медијаторот Метју Нимиц во 2005-та година доставил предлог, според кој земјата привремено би се викала Република Македонија со латинична транскрипција, за по три години да си го врати името Republic of Macedonia во ООН. Документот кој содржи печат државна тајна, предлага јазикот на Македонците, да биде "Macedonian". Црвенковски рече дека предлогот бил одбиен од тогашната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски.
Црвенковски во емисијата изјави дека е свесен оти го прекршува правилото за чување државна тајна, но смета оти Груевски прв го нарушил тоа правило кога проговорил за содржината на документот.
Лидерот на СДСМ повтори дека во 2008-ма година заедно со Груевски на самитот на НАТО во Букурешт прифатиле промена на уставното име во Република Македонија - Скопје.
На ова од владеачката партија истапија со реакција:
„Денес сме сведоци на сериозен скандал на СДСМ, признание дека во 2005 година го прифатиле предлогот на Нимиц за промена на името, во којшто предлог на местото на нација стои празно место, на местото на јазикот стои македонски на латинична транскрипција наместо macedonian во англиска верзија. Бараме јавно објаснување од Бранко Црвенковски, лично да објасни зошто вакво нешто прифатил и дали Македонија добила нешто со тоа што тој прифатил вакво катастрофално решение коешто е директно во спротивност со македонскиот идентитет и македонските интереси“, се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Во врска со овој настап на Црвековки во јавноста се отвори и расправа дали тој направил кривично дело откривајќи државна тајна.
„Ако е државна тајна не смеете да ја изнесувате ако е класифицирана, може да биде и декласифицирана, но тоа се прави само во судска постапка, но и тогаш само во рамки на судската постапка, а не да се изнесува во јавноста, бидејќи не може да се обелоденува државна тајна тоа е кривично дело, санкционирано. Секој кој што ќе изнесе содржина на документ што е класифициран како државна тајна, апсолутно ќе одговара“, изјавија од Републичкото јавно обвинителство за агенцијата Нетпрес.
Социјалдемократите од своја страна појаснуваат дека последниот потег на нивиот лидер имал за цел да ги разобличи манипулациите на Груевски.
„Сакаме да потсетиме дека содржината на истиот предлог беше објавена на Викиликс уште пред една година. Наша обврска е во интерес на граѓаните да ја разобличиме секоја државна лага што излегува од кујната на Груевски“, се вели во реакцијата на СДСМ.