Просечна цигара содржи околу 4000 различни хемикалии, кои кога согоруваат и се вдишат, предизвикуваат сериозни здравствени проблеми врзани со пушењето. Но никотинот во цигарите е тој што создава зависност со стимулирање на центарот во мозокот со што ги „навлекуваат“ пушачите на уживателна, но опасна навика.
Роналд Кристал е претседател на Одделот за генетичка медицина при Универзитетот Корнел во Њујорк, каде истражувачите работат на развивање никотинска вакцина.
Кристал вели дека идејата е да се стимулира имунолошкиот систем на пушачите за да произведе антитела или имунолошки протеини со цел да го разгради никотинската молекула, пред да стаса до мозокот. Но, Кристал вели никотинските антитела се толку мали и не траат долго во крвотокот. Затоа, научниците земале ДНК за креирање никотински антитела, и генетички го стимулираат црниот дроб да ги произведува.
Како резултат на тоа, вели Кристал, антителата циркуираат преку крвотокот на пушачот, во постојана потрага по никотински молекули. Кристал тоа го објаснува со видео-играта „Пакман“, во која анимиран лик оди низ лавиринт јадејќи точки. Тие точки се никотинските молекули.
Истражувачите создале вакцина преку генетски модифицирани никотински анти-тела, со вбризгување на неопасен вирус да ги инфицира клетките од црниот дроб на лабараториски глушец. Откако вирусот влегол во јадрото, клетките на црниот дроб почнале да произведуваат никотински антитела, кои го помагаат имунолошкиот систем преку создавање на армија на протеини кои бараат да уништат секој нукотин на кој ќе наидат.
“Штом ќе успееме генетски да го модифицираме црниот дроб да произведува антитела против никотинот, тие циркулираат во телото преку крвта и кога ќе внесеме никотин во глушецот – ништо не се случува. Исто е како да е вода“, вели Кристал.
Една доза од вакцината била доволна за ефектот да е присутен доживотно кај глувците.
Ова истражување е објавено во журналот „Наука – Транснационална медицина“.