Линкови за пристапност

Решението за името е напредок, но, работите може да тргнат во погрешен правец


Реакции: Русија не е среќна со решението за името
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Експерти и професори во Вашингтон се согласни дека со овој договор е направен одличен чекор напред, но, оти се` уште постојат пречки за негово имплементирање

Тимот кој го направи договорот меѓу Скопје и Атина покажува дека понекогаш мала, но, посветена група може да постигне одлични работи или да направи разлика, изјави поранешниот американски заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија Хојт Ји, кој вчера, на церемонија во Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, беше награден за неговата улога на Балканот.

Новото решение на Македонија и Грција го поздравија и други поранешни официјални лица на Стејт департментот, експерти и професори во Вашингтон.

Некои од нив веќе го употребуваа името Северна Македонија во нивното официјално обраќање, повикувајќи се на фактот дека повеќе не се официјални владини претставници на САД.

„Идејата не е нова. Името Северна Македонија го дискутиравме уште пред дваесет години и го повторуваме низ годините. Но, никогаш не беше само името, туки и сите работи кои одеа со него. Се надевам дека овој договор ќе се исполни и ќе довде кон брзо членство на Македонија во НАТО“, изјави Томас Кантримен, поранешен официјален преставник на Стејт департментот за Западен Балкан.

Небојша Тодоровиќ, поранешен министер за здравство на Црна Гора очекува Македонија да добие покана за влез во НАТО.

Македонскиот народ ова треба да го слави. Да сфати дека ова е добро решение и да продолжи на неговиот пат кон евроатлантските интеграции“, рече тој.

Иако сите се согласија дека со овој договор е направен одличен чекор напред, велат дека се` уште постојат пречки за негово имплементирање.

„Потребно е паралементарно одобрение во двете држави и референдум во Македонија. Мислам дека единствениот сериозен проблем е паралементарното одобрување во Грција. Работите се` уште може да тргнат во погрешен правец“, изјави Даниел Сервер од Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

И Едвард Џозеф, долгогодишен експерт за Балканот, ја истакна опозицијата како можен проблем во исполнување на договореното.

Според него, единствената држава која во овој момент не е среќна со ова решение е Русија.

„Бидејќи Русија не сака да види договор и напредок на државата за членство во НАТО и ЕУ. Тука е и опозицијата, но, таа треба добро да размисли. Ако Мицотакис го блокира процесот последиците ќе бидат на негов грб. Исто и ако ВМРО се обиде да го блокира ќе треба да му објасни на народот зошто државата не е во НАТО и во ЕУ. Секој што не се согласува со ова решение, поддржува ФИРОМ. Тоа е реалноста“, убеден е тој.

Сепак, велат тие, нема политички пат до Европската унија без да се исполнат реформите, особено поглавјата 23 и 24 - да се унапреди владеење на правото, независно судство и слободни медиуми.

За исполнување и мониторинг на овие цели, неопходна е блиска соработка на САД и Европа, заклучија тие.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG