Специјалниот обвинител на Одделот за правда Џек Смит, денес предупреди дека „дневните“ изјави на поранешниот претседател Доналд Трамп ризикуваат да ја нарушат поротата во Вашингтон во кривичната постапка што го товари за измама да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.
Провокативните коментари на Трамп и за тимот на Смит и за американската окружна судијка Тања Чуткан - која претседава со случајот - се централно прашање откако беше поднесено обвинението минатиот месец.
Обвинителите постојано ја сигнализираа својата загриженост за влијанието на објавите на Трамп на социјалните мрежи, а Чуткан експлицитно го предупреди Трамп да не дава коментари што можат да ги заплашат сведоците или да ги контаминираат потенцијалните поротници.
Последната реакција од Одделот за правда го нагласува степенот до кој нападите на Трамп на социјалните мрежи го тестираат трпението на обвинителите и исто така ризикуваат да го изложат на санкции од судијата, кој минатата недела одреди датум на судење на 4 март 2024 година.
Трамп се соочи со предупредувања и во други случаи, како во Аталанта, каде услов за негово ослободување е да се воздржи од заплашување на обвинетите и сведоците во случајот.