Линкови за пристапност

Судија од Вашингтон може да закаже судење за Трамп за изборите во 2020 година


Обвинителите предложија судењето да започне на 2 јануари.
Обвинителите предложија судењето да започне на 2 јануари.

Федерален судија во Вашингтон денеска би можел да одреди датум за судење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој е обвинет за заговор за поништување на неговата изборна загуба во 2020 година.

Окружниот судија на САД Тања Чуткан треба да одржи сослушување за следните фази од постапката.

Обвинителите предложија судењето да започне на 2 јануари. Адвокатите на Трамп побараа датум за почеток во април 2026 година, тврдејќи дека им треба повеќе време за да ги разгледаат документите и дека судењето во јануари би било во судир со другите правни случаи на Трамп.

Трамп е обвинет за четири кривични дела кои вклучуваат заговор за измама на американската влада и заговор за попречување на официјална постапка.

Тој се изјасни за невин за време на судското појавување на почетокот на август.

Во други случаи, на Трамп треба да му се суди во сојузната држава Њујорк кон крајот на март во врска со исплата на пари на порно актерка пред претседателските избори во 2016 година.

Федерален судија во сојузната држава Флорида го одреди датумот на судење во мај за случајот во кој Трамп е обвинет дека незаконски чувал доверливи документи на неговиот имот на Флорида откако ја напуштил функцијата и ја попречувал федералната истрага за ова прашање. Трамп и во тој случај се изјасни за невин.

Обвинителите во сојузната држава Џорџија предложија датум за судење на почетокот на март во случајот во кој Трамп и уште 18 други се обвинети за измама за поништување на резултатите од изборите во 2020 година. Судијата допрва треба да каже кога ќе започне судењето.

Сојузниот судија во сојузната држава Атланта денеска ќе ги сослуша аргументите на Марк Медоус, поранешен шеф на кабинетот на Трамп, кој е меѓу обвинетите во случајот Џорџија.

Адвокатите на Медоус тврдат дека неговите постапки биле преземени како дел од неговите должности како шеф на кабинет, додека обвинителите велат дека Медоус дејствувал надвор од неговите службени должности и дека неговите постапки биле незаконски.

Дел од информациите доаѓаат од Асошиетед прес и Франс – прес.

XS
SM
MD
LG