Линкови за пристапност

Иран вели ќе одговори со „железна тупаница“


Иран вели ќе одговори со „железна тупаница“
Иран вели ќе одговори со „железна тупаница“

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Каменеи ги предупреди САД и Израел да не ги напаѓаат иранските нуклеарни локации велејќи дека неговата земја на таква акција ќе одговори со „силни шлаканици и железни тупаници“.

Во говор пренесуван на националната телевизија пред армиски кадети во четврток, Ајатолахот Каменеи кажа дека Иран нема намера да започне конфликт. Но, тој кажа дека Иран ќе го врати ударот.

Овие забелешки беа најсилни досега од Иран, откако израелски претставници почнаа да прават референци на потенцијална воена акција против иранската нуклеарна програма последниве денови. Израел и Запад се сомневаат дека Иран се обидува да развие нуклеарно оружје под закрила на цивилна нуклеарна програма, обвинение што Иран го негира.

Меѓународната атомска агенција објави извештај во вторникот кој вели дека има „кредибилен“ доказ за иранските напори за дизајнирање на нуклеарно оружје. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги отфрли обвиненијата и вети дека неговата земја нема да попушти „ни за јота“ од своите нуклеарни активности. Иран тврди дека тие се за мирољубиви цели.

XS
SM
MD
LG