Во извештај објавен во Виена во четврток, агенцијата ан ОН „индицира“ дека Иран работи „дизајн“ за нуклеарно оружје, вклучувајќи и „тестирање на компоненти“.
Извештајот вели дека Иран изгледа извел нуклеарни активности поврзани со нуклеарно оружје како дел од „структурна“ програма пред 2003. Документот вели дека Иран може се` уште да биде ангажиран во релевантно истражување.
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го отфрли извештајот пред да биде објавен. Тој кажа дека агенцијата само објавува извештај што им го дале САД.