Линкови за пристапност

Клинтон: иранската армија се` повмешана во економијата


Клинтон: иранската армија се` повмешана во економијата
Клинтон: иранската армија се` повмешана во економијата

Силите Кудс веќе презеле некои претпријатија, тврди американската државна секретарка во интервјуто за Гласот на Америка

Иранската армија е се` повмешана во економијата на земјата, кажа американската државна секретарка Хилари Клинтон во интервјуто за Гласот на Америка.

Земјата навидум се движи кон тоа да биде преземена од армијата, рече Клинтон за популарната програма Паразит на Персиската мрежа на вести на Гласот на Америка, посочувајќи дека елитните армиски сили Кудс веќе презеле некои економски претпријатија.

Одговарајќи директно на серија прашања од иранска публика, Клинтон рече дека САД преземаат бројни мерки да ја заобиколат „електронската завеса“ што ја спуштила иранската влада, меѓу кои и воспоставувањето на „виртуелна амбасада во Техеран“ преку Интернет до крајот на годинава. Државната секретарка се надева дека Вашингтон ќе допре особено до иранските студенти и ќе ги охрабри да студираат во САД.

Клинтон подвлече дека САД имаат „мошне цврсти докази“ за наводниот заговор на Американец од иранско потекло да изврши атентат врз саудискиот амбасадор во САД. Го окракатеризира заговорот како шокантен и рече дека САД очеливаат Иран да го предаде вториот осомничен, кој е член на силите Кудс.

Интервјуто се случи истиот ден кога стручњаци на конгресен распит порачаа дека Вашингтон треба да ја преоцени политиката кон Иран и да соработува со сојузниците на санкции против иранската централна банка. Поранешни армиски претставници и конгресни претставници пред Комисијата на Претставничкиот дом за домашна безбедност рекоа дека доколку иранските сили за безбедност биле вмешани во заговорот за атентат, тој морал претходно да биде одобрен од највисоките кругови во иранската влада. Официјален Техеран, пак, негира каква и да е вмешаност.

XS
SM
MD
LG