Канада ја поддржува идејата за хуманитарни паузи во војната меѓу Израел и Хамас за да може помошта да стигне до палестинските цивили во Газа и да се ослободат заложниците, изјави денес премиерот Џастин Трудо.
„Сега се водат многу разговори за потребата од хуманитарни паузи и мислам дека тоа е нешто што Канада го поддржува“, им рече тој на новинарите.
„Мораме да останеме прицврстени на приоритетите за заштита на невините (луѓе) и ослободување на заложниците“.
Трудо и другите министри во кабинетот велат дека Израел има право да се брани по смртоносните напади на Хамас, се додека се придржува до меѓународното право.
„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски официјални претставници, во неделата објави дека Вашингтон го советувал Израел да ја одложи копнената инвазија на Газа, надевајќи се дека ќе купи време за преговори за заложници и ќе дозволи поголема хуманитарна помош да стигне до Палестинците.