Линкови за пристапност

Јагода Ристеска – борец за подобар живот на лицата со попреченост


Јагода Ристеска – борец за подобар живот на лицата со попреченост
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Јагода Ристеска – борец за подобар живот на лицата со попреченост

Искуствата од Вашингтон Ристеска сака да ги пренесе во Македонија.

Како една од основачките на иницијативата „Мобилноста предизвик“, Јагода Ристеска со група девојки и жени со попреченост неуморно работи на реализирање идеи и применување искуства од други држави кои помагаат лицата со попреченост да живеат колку е можно пополн и побогат живот во Македонија.

Таа непречено го користи јавниот превоз во Вашингтон. Секојдневно патува од нејзиниот привремен дом до работното место во седиштето на Американскиот меѓународен совет на лицата со посебни потреби. Нејзината кауза е надминување на бариерите и унапредување на животот на лицата со попреченост. При нејзината неодамнешна посета на редакцијата на Гласот на Америка, таа ни кажа дека престојот во Вашингтон и` ја зајакнал вербата дека позитивните искуства се преносливи:
Јагода Ристеска
Јагода Ристеска

„Целта на оваа програма е да се стекнат нови знаења, за да можеме подоцна во нашите држави да ги имплементираме во нови проекти. Моето поле на интерес беше да научам како повеќе да им помогнам на лицата со попреченост во Македонија“.
Таа со оптимизам гледа на тоа што Македонија го прави на овој план последниве години. Сепак, Ристеска знае дека има уште многу работа за да се достигнат меѓународните стандарди:

„Јас како лице кое користи инвалидска количка чувствувам дека имам повеќе пристап. Но останува чувството дека сепак сме сосема на почеток и дека има многу работа во кое лицата со попреченост ќе можат да се образуваат, да бидат вработени, да функционираат независно, да го користат транспортниот систем“.
Целта на оваа програма е да се стекнат нови знаења, за да можеме подоцна во нашите држави да ги имплементираме во нови проекти.
Ристеска во Вашингтон живее независно. Ги користи услугите на јавниот превоз и тука, вели, нејзината мобилност со ништо не е ограничена. Тоа искуство и` предизвикува чувство што сака да го сподели со лицата со попреченост во Македонија.
Нејзиниот иден проект е фокусиран токму на тоа, зашто како што самата вели, мобилноста создава градење на самодоверба што е потребна секому, во секоја друга област на животот.

„Ќе се работи во правец на подобрување на самодовербата, присапот. Како (овие лица) да се соочат со сопствената попреченост и како да заземат активна улога во оставрување на сопствените права“, вели Ристеска.
Нејзиниот ангажман деновиве доби големо признание. На распит во Конгресот таа беше издвоена како лидер во напорите за подобрување на животните услови за лицата со попреченост бо Македонија. Сенаторот Роберт Менендез од Њу Џерси вака ја претстави на аудиториумот: „Сакам да и оддам признание на Јагода Ристеска, која е лидер во заедницата на лицата со попреченост во Македонија. Таа е во САД да се запознае со начините на транспортот и системот на независен живот. Со помош на САД, таа се надева да го направи тоа реалност и дома“.

Ентузијазмот на Ристеска е доволен показател дека уште ќе слушаме за ангажманот на оваа млада жена која не признава бариери.
XS
SM
MD
LG