Линкови за пристапност

Израелски воздушни напади го погодија јужен Либан


Луѓе се собираат на урнатините на болничкиот центар што беше уништен од израелски воздушен напад рано во средата во јужен Либан, 27 март 2024 година
Луѓе се собираат на урнатините на болничкиот центар што беше уништен од израелски воздушен напад рано во средата во јужен Либан, 27 март 2024 година

Милитантите на Хезболах во Либан денес лансираа ракети кон северен Израел како одмазда за израелските воздушни напади, во кои загинаа седум лица во јужен Либан.

Израелските служби за итни случаи соопштија дека едно лице загинало од ракетен напад. Израелската војска соопшти дека нејзините напади во Либан биле насочени кон воена зграда, при што е убиен член на милитантната група Ал Гама ал Исламија, која промовирала терористички заговори против Израел.

Агенцијата Франс-прес цитираше официјален претставник на милитантната група, кој изјави дека биле убиени седум лица.

Либански безбедносни извори ја дадоа истата бројка за Ројтерс.

Прекуграничното насилство е последната размена што доаѓа додека Израел ја спроведува својата кампања насочена кон елиминирање на терористичката група Хамас, сојузник на Хезболах, во појасот Газа.

Израелската војска, исто така, денес објави дека спроведувала копнени операции во областа на болницата Шифа во северна Газа, додека, исто така, изведувала воздушни напади и копнени борби во областа Кан Јунис во јужниот дел на појасот Газа.

Напорите за привремено запирање на борбите, со предлози кои вклучуваа ослободување на заложниците држени во Газа и влез на хуманитарна помош за палестинските цивили, не изгледаа поблиску до реалноста, дури и по резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Индиректните разговори со преговарачи од САД, Египет и Катар траат со недели, и додека официјалните лица сигнализираа одреден напредок во текот на процесот, Израел и Хамас оваа недела не покажаа знаци кон договор.

Дел од информациите во текстот се од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG