Две лица загинаа, вклучително и член на милитантната група Хамас при напад со израелско беспилотно летало во јужен Либан.
При нападот погоден е автомобил пред градот Тир, во близина на брегот на Средоземното Море. Либанските државни медиуми ги идентификуваа членовите на Хамас како од бегалскиот камп Рашидие, област каде што милитантната група има забележително присуство.
Израелската војска, исто така, објави дека извршила воздушни напади во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и копнени операции во централна Газа додека тие ја следат целта за елиминирање на Хамас.
Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, објави дека уште 88 Палестинци биле убиени во израелската офанзива во текот на изминатиот ден. Од почетокот на војната на во октомври 2023 година, вкупниот број на убиени Палестинци, според министерството, е најмалку 31 272, со уште 73 000 повредени.
Израелските сили вчеравечер застрелаа двајца Палестинци во селото Ал-Џиб, во близина на Ерусалим, откако израелската полиција соопшти дека група од пет Палестинци фрлале огнени бомби на автопат.
Во друг инцидент, израелските сили застрелаа 12-годишно момче за време на судирите во бегалскиот камп на периферијата на Ерусалим.
Напори за помош
Шпански хуманитарен брод кој превезуваше повеќе од 200 тони хуманитарна помош со храна, вчера исплови од Кипар до Газа, последниот обид да се прехранат десетици илјади гладни Палестинци.
Храната, собрана од „World Central Kitchen“, добротворната организација основана од познатиот готвач Хозе Андрес, била на шлеп што ја влечел брод на шпанската хуманитарна група Open
Храната, собрана од „World Central Kitchen“, добротворната организација основана од познатиот готвач Хозе Андрес, била на брод на шпанската хуманитарна група „Open Arms“ и се упатил кон непозната локација на брегот на Газа. Патувањето од 400 километри се очекува да трае два до три дена.
Вториот брод се натоваруваше во Кипар за наскоро да го направи истото патување за да им помогне на опколените Палестинци, изјави кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос за државното радио.
Зборувајќи подоцна во Бејрут, Комбос рече: „Работиме на безбедно пристигнување на првата пратка, а потоа и на безбедна дистрибуција“.
„Ако се оди според планот ние веќе го поставивме механизмот за втор и многу поголем товар, а потоа ќе работиме на тоа да ја направиме оваа посистематска вежба со зголемен обем“, рече тој.
Американската војска испрати брод во Медитеранот за да изгради привремено пристаниште на брегот на Газа за да обезбеди премин за повеќе камиони со помош, но вели дека тоа може да потрае два месеци.
Нема прекин на огнот
САД, Катар и Египет се надеваа дека ќе посредуваат за прекин на огнот пред почетокот на муслиманскиот пост Рамазан во понеделникот, кој ќе вклучи ослободување на израелските заложници и палестински затвореници и поголем проток на помош во Газа. Разговорите заглавија минатата недела.
САД го охрабруваат Израел „да остане ангажиран“, рече вчера советникот за национална безбедност Џејк Саливан за време на брифингот со новинарите. „Веруваме дека сè уште има простор да се постигне ова, без оглед на фактот што влеговме во периодот на Рамазан“, додаде Саливан.
Тој одби да го потврди известувањето дека администрацијата размислува да постави услови за воената помош на САД за Израел доколку продолжи со плановите за инвазија на Рафа без соодветни планови за заштита на цивилите. Повеќе од еден милион Палестинци бараат безбедност таму, најјужната област на Газа, близу египетската граница.
„Нема да коментирам хипотетички“, рече тој, повторувајќи ги точките за разговор на владата дека САД не поддржуваат воена операција во Рафа што ги „пресекува главните артерии на хуманитарната помош, а потоа врши огромен притисок врз израелско-египетската граница“.
Убиството на Американецот со израелско потекло
Претседателот Џо Бајден вчера изјави дека е „уништен“ откако дознал дека 19-годишниот американски војник со израелско потекло Итај Чен бил убиен. Претходно се веруваше дека Чен бил земен како заложник од Хамас, но израелската војска оваа недела објави дека тој бил убиен за време на нападот на 7 октомври.
„Го потврдувам моето ветување до сите семејства на оние кои сè уште се држат како заложници: ние сме со вас. Никогаш нема да престанеме да работиме за да ги вратиме вашите најблиски дома“, наведува Бајден во соопштението објавено од Белата куќа.
Семејството на Чен беше наведено на листата на израелските и американските официјални лица да обезбедат ослободување на околу 100-те заложници кои сè уште ги држи Хамас. Неговиот татко, Руби Чен, постојано се појавуваше во медиумите и се сретна со највисоките американски претставници.
Саливан ја нагласи мрачната судбина на другите заложници кои ги држи Хамас, велејќи дека САД не можат да утврдат „дали сѐ уште се живи“.
Израел ја започна својата воена кампања за уништување на Хамас по терористичкиот напад на оваа група врз Израел на 7 октомври 2023 година во кој загинаа околу 1 200 луѓе и доведе до грабнување на околу 250 заложници.
За овој текст придонесе шефицата на Бирото на Белата куќа Патси Видакусвара. Некои информации се од АП, Ројтерс и агенцијата Франц-прес