Линкови за пристапност

Иран изврши ракетен напад врз Израел


Оваа слика покажува облак од чад откако Израел пресретнал проектил над Ерусалим на 1 октомври 2024 година.
Оваа слика покажува облак од чад откако Израел пресретнал проектил над Ерусалим на 1 октомври 2024 година.

Иранските државни медиуми објавија дека ракетниот напад е одмазда, додека израелската војска предупредува на „последици“

Иран изврши голем ракетен напад врз Израел како голема ескалација на едногодишниот конфликт меѓу Израел и регионалните полномошници на исламската република.

Израелската војска соопшти дека иранскиот ракетен напад започнал денеска околу 19:30 часот по локално време и продолжи околу половина час. Се наведува дека Иран истрелал околу 180 проектили во нападот.

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави видео од ракетниот напад на својот канал Телеграм. Исто така, беше објавено соопштение во кое се вели дека највисоките воени сили на Иран, Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГ), ги нападнале израелските „безбедносни и разузнавачки“ цели како одмазда за атентатот во јули на палестинскиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран и неодамнешните убиства на други високи команданти од страна на Израел на либански Хезболах и на самата ИРГ.

Оваа слика покажува проектили кои Израел ги пресретнал над Тел Авив на 1 октомври 2024 година.
Оваа слика покажува проектили кои Израел ги пресретнал над Тел Авив на 1 октомври 2024 година.

Израел минатиот петок го уби шефот на Хезболах, Хасан Насрала, во напад врз командниот центар на терористичката група, како што ја назначи САД, во јужниот дел на Бејрут. Во тој напад беше убиен и бригадниот генерал на ИРГ Абас Нилфорушан. Израел ниту го потврди ниту го негира убиството на Ханија.

ИРНА соопшти дека ракетниот напад во вторникот врз Израел, втор таков напад од иранска територија по воздушниот напад во април, бил одобрен од Врховниот совет за национална безбедност на Иран, кој служи под врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи.

Израелската војска соопшти дека 10 милиони цивили се под закана од иранските ракети, кои активирале сирени низ северниот, централниот и јужниот дел на Израел.

Околу еден час по почетокот на иранскиот ракетен напад, портпаролот на израелската војска Даниел Хагари им рече на новинарите дека нападот завршил, а цивилите може да ги напуштат своите засолништа.

Хагари го опиша иранскиот напад како поопсежен и пожесток од нападот во април. Но, тој рече дека одбранбените напори на Израел и неговите партнери доведоа до пресретнување на многу од иранските ракети, при што беа пријавени само неколку удари на терен. Тој рече дека не знаел за жртви, но предупреди – без да образложи – дека Иран ќе се соочи со „последици“.

Тенковите на израелската армија маневрираат во зоната за поставување во северен Израел во близина на границата меѓу Израел и Либан, 1 октомври 2024 година.
Тенковите на израелската армија маневрираат во зоната за поставување во северен Израел во близина на границата меѓу Израел и Либан, 1 октомври 2024 година.

Официјален претставник на американската одбрана за Гласот на Америка изјави дека американските сили во регионот се бранат од проектили лансирани од Иран, чија цел е Израел.

„Нашите сили остануваат поставени за да обезбедат дополнителна одбранбена поддршка и да ги заштитат американските сили кои дејствуваат во регионот“, рече функционерот кој зборуваше неофицијално.

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис „го следеле иранскиот напад врз Израел од Собата за ситуации во Белата куќа и добиваат редовни ажурирања од нивниот тим за национална безбедност“.

Ракети на Хезболах и израелски упад

Претходно во вторникот, Хезболах истрела ракети врз северен Израел, еден ден откако Израел го започна, како што го опиша како „ограничен, локализиран и насочен“ копнен упад во јужен Либан за да ја уништи терористичката инфраструктура во близина на неговата северна граница.

Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) денеска соопштија дека секој израелски копнен упад во Либан е „прекршување на либанскиот суверенитет и територијален интегритет“.

Припадник на израелските безбедносни сили го проверува местото на ударот на пријавената ракета истрелана од Либан, на клучката Хорешим во централен Израел на 1 октомври 2024 година.
Припадник на израелските безбедносни сили го проверува местото на ударот на пријавената ракета истрелана од Либан, на клучката Хорешим во централен Израел на 1 октомври 2024 година.

„Ги повикуваме сите актери да се повлечат од ваквите ескалаторни акти, кои само ќе доведат до повеќе насилство и повеќе крвопролевање“, соопшти УНИФИЛ.

Специјалната координаторка на ОН за Либан, Жанин Хенис-Плашерт, во изјавата во вторникот рече дека насилството „достигнува до опасни височини“.

„Овој циклус на насилство нема да заврши добро - за никого. Останува трошка можност за дипломатијата да успее. Прашањето сега е дали ќе биде запленето или расфрлано“, рече таа.

Речиси една година напади преку израелско-либанската граница принудија десетици илјади луѓе од двете страни да ги напуштат своите домови.

Либанскиот премиер Наџиб Микати, на состанокот во вторникот со ОН и либанските претставници, рече дека неговата земја се соочува со „еден од најкритичните моменти во нејзината историја“.

Во друг развој на настаните, Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања апелираше за финансирање од 426 милиони американски долари за помош на оние кои се погодени од, како што ја нарече „најголемата ескалација на конфликтот“ од израелско-либанската војна во 2006 година.

„Тековното насилство и брзото влошување на безбедносната ситуација ги става во опасност животите на стотици илјади луѓе од двете страни на Сината линија (меѓу Израел и Либан)“, се вели во соопштението на хуманитарната агенција.

Дописничката на Гласот на Америка од Пентагон, Карла Баб, дописничката на ОН, Маргарет Бешер и дописничката на Белата куќа, Анита Пауел, придонесоа за овој извештај.

XS
SM
MD
LG