Линкови за пристапност

Италија свика состанок со лидерите на Г7 за кризата на Блискиот Исток


Израелскиот противракетен систем пресретнува ракети, како што се гледа од Ашкелон
Израелскиот противракетен систем пресретнува ракети, како што се гледа од Ашкелон

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ќе биде домаќин на повик со лидерите на Групата седум (Г7) денес за да разговараат за кризата на Блискиот Исток, соопшти нејзиниот кабинет.

„Италија ќе продолжи да се залага за дипломатско решение, вклучително и во нејзиниот капацитет како претседавач со Г7. Свикав состанок на лидерско ниво за ова попладне“, се вели во изјавата на Мелони.

Италија претседава со Г7 - клуб на големите западни демократии, кој ги опфаќа САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Јапонија.

Мелони им кажа на своите министри дека постои „длабока загриженост“ за најновите случувања, вклучително и ракетниот напад на Иран врз Израел во вторникот и нестабилноста во Либан, соопшти нејзината канцеларија.

„Целта е стабилизација на израелско-либанската граница преку целосна имплементација на резолуцијата 1701“, рече таа, цитирајќи ја резолуцијата на ОН со која беше прекината војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година во јужен Либан.

Италија е главен придонесувач во мировните сили на Обединетите нации во Либан.

Италијанските медиуми денес објавија дека нејзината влада размислува да ги повлече своите сили од областа со оглед на неодамнешното насилство на границата.

Говорејќи на прес-конференција по состанокот на владата во Рим, министерот за надворешни работи цврсто негираше дека владата ќе ги повлече војниците од мисијата на ОН.

„Ги проценивме сите можности... Нема одлука за повлекување на италијанскиот контингент“, изјави тој за новинарите.

„Во однос на можностите за евакуација, јасно е дека кога има војни, би било глупаво да нема подготвен план, но ова се однесува и на цивилите“.

XS
SM
MD
LG