Линкови за пристапност

Агрон Фазлији, прв човек на Занаетчиската комора: Работниците заминуваат, ќе нема кој чешма да смени


Не може еден фен да се смета за индустриска енергија. Затоа бараме од Владата овие дејности да не се категоризираат во индустриска електрична енергија, нагласува Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиската комора
Не може еден фен да се смета за индустриска енергија. Затоа бараме од Владата овие дејности да не се категоризираат во индустриска електрична енергија, нагласува Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиската комора

Работната сила си заминува, економската криза удира врз малите дејности, нема логика занаетчиите да плаќаат индустриска струја, ако не се преземат мерки, може и педесет отсто од нив да ги затворат бизнисите, укажува претседателот на Занаетчиската комора

СКОПЈЕ - Работната сила си заминува, економската криза удира врз малите дејности, нема логика занаетчиите да плаќаат индустриска струја, ако не се преземат мерки, може и педесет отсто од нив да ги затворат бизнисите.

Ова се дел од предупредувањата и апелите што ги упати претседателот на Занаетчиската комора на Северна Македонија, Агрон Фазлији во разговор за Гласот на Америка.

VOA: Како актуелната криза се одразува и ќе се одрази врз занаетчиите?

„Уште сега ние се соочуваме со затворање на овие бизниси и со тешка економска криза. Ако владата не презеде итни чекори за помош на овие дејности, мислам дека педесет отсто од нив ќе бидат затворени до Нова година“.

Не може еден фен да се смета за индустриска енергија. Затоа бараме од Владата овие дејности да не се категоризираат во индустриска електрична енергија

VOA: Цената на струјата оди нагоре. Ќе издржат ли занаетчиските дејности? Какво решение предлагате?

„Едно фризерско студио има фен. Не може еден фен да се смета за индустриска енергија. Затоа бараме од Владата овие дејности да не се категоризираат во индустриска електрична енергија. Но, да се категоризираат меѓу домаќинства и бизнисот. Моментално плаќаат под 90.000 денари за 30 метри квадрати од објект. Не можат да опстојат на пазарот со толку скапа електрична енергија“.

Агрон Фазлији, Занаетчиска комора: Работниците заминуваат, ќе нема кој чешма да смени
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:07 0:00

VOA: Владата предложи даночни реформи. Каков е ставот на комората кон најавените промени?

„Сега не е време за даночни реформи. Време е за одржување на формалната економија во кондиција за да може да ги помине овие низа кризи. Да зајакнеме, па потоа. Ние сме свесни за таа даночна реформа и ќе помогнеме како Комора, или како чинители на јавниот живот во нашата татковина“.

VOA: Бројни даватели на занаетчиски услуги не се регистрирани. Ќе има ли регулација за тие лица?

„Ние бараме да се измени кривичниот законик, за да можеме неформалната економија да ја формализираме. Преку тоа, и Комората, и општеството и буџетот да имаат придобивка.

Со измени на кривичниот законик, ќе се намали сивата економија, занаетчиите ќе се регистрираат
Со измени на кривичниот законик, ќе се намали сивата економија, занаетчиите ќе се регистрираат

Затворски казни за работење на црно

Ако се измени кривичниот законик, тогаш дејноста којашто неформално ќе работи во сива економија и ако биде казнета со затвор, тогаш никој нема да се дрзне да оди во неформална економија. Сите ќе се регистрираат и тие дејности ќе треба да дадат гаранција за нивната работа, треба да дадат фискална сметка, треба да бидат одговорни“.

Ние треба да се грижиме за рацете. Ако ни бегаат рацете во странство, ако замине тој кадар, ние ќе немаме со што да се храниме

VOA: Квалификувани работници заминаа да работат во странство. Како тоа ќе се одрази врз домашното стопанство?

„Ние треба да се грижиме за рацете. Ако ни бегаат рацете во странство, ако замине тој кадар, ние ќе немаме со што да се храниме“.

„Дуалното образование моментално е видливо и произведува кадар што ќе ни биде потребен“.

„Ако ни се прелева кадар во Германија и во другите земји, мислам дека ќе немаме мајстор за чешма, за воља на вистината. И, ако го имаме, тогаш една замена на чешма би чинело сто евра“.

За старите занаети е неопходно постојано субвенционирање
За старите занаети е неопходно постојано субвенционирање

VOA: Старите занаети се белег за нашето минато, но забрзано изумираат. Како да се спасат барем дел од нив?

„Зачувувањето на старите занаети е од национален интерес. Ние, до Министерството за култура ќе поднесеме и законско решение. Тоа да биде трајно субвенционирање на занаетите. Сè со цел да видат младите дека можат да се вработат во тој занает и да имаат бенефит од државата. Само така можеме да ги сочуваме овие стари занаети, кои влегуваат и во туризмот и во културното наследство. Мислам дека ќе успееме да ги сочуваме“.

VOA: Ваша порака до младите генерации, има ли иднина во занаетчиските дејности?

„Апелирам до сите млади кои сакаат да се занимаваат со вакви дејности, да почнат веднаш. Ќе бидат конкурентни на пазарот и ќе им биде исплатливо тоа да го работат“.

XS
SM
MD
LG