Десет отсто за фирмите трговци со струја и 20 отсто за крајниот снадбувач ЕВН Снабдување се максималните маржи кои ќе важат во претстојниот период одлучи Владата. Со оваа мерка над 1.600 компании и институции на локално и централно ниво ќе може а набавуваат струја по пониска цена со што ќе се олесни нивното работење
СКОПЈЕ – Маржата на фирмите кои се бават со трговија на струја од денеска се ограничува на максимални 10 отсто со цел да се заштитат, фирмите, компаниите, индустријата но и стотици јавни претприја од досегашните високи трошоци. Ограничување ќе има и за крајниот снабдувач ЕВН Снабдување, од кого струја купуваат фирмите и институциите кои воопшто немаат склучено никаков договор за снабдување со струја, така што намешто досегашниие 50 отсто од цената на струјата на унгарската берза „Хупекс“ сега маржата ќе изнесува 20 отсто.
„ Ако едно училиште купува струја од слободниот пазар би ја плаќало 440 евра по мегаватчас. Тука влегува 400 евра од „Хупекс“ цената и 40 евра за трговецот. Но бидејќи нема договор, сега училиштето плаќа 600 евра за мегават час - 400 евра од цената на „Хупекс“ и 200 евра како 50 отсто плус за крајниот снабдувач. На крај, разликата е 160 евра која треба да ја плати државата“, изјави Крешник Белтеши министер за економија
Бектеши кажа и дека дел од јавните институции, општини, основни и средни училишта како и фирми биле премногу пасивни и калкулирале па затоа тие се виновни бидејќи немаат склучено договори за снабдување со електрична енергија и затоа сега ја плаќаат по цена за 50 отсто повисока од онаа на слободнито пазар.
Со новите мерки на Владата, предвидувањата се дека ќе се намалат трошоците за струја и кај инситуциите и кај компаниите кои се на отворен пазар. Ограничувањето на маржите беше едно од клучните барања на стопанските комори.
Според Бектеши стопанственциите и индустријата треба и мора да им се помогне, но не на сите туку на оние кои се бават со производство на продукти потребни за грашаните и на оние кои се ориентирани кон извоз.
„ Ако лично се прашувам оние компании кои веќе се субвенционираат од државата со парите кои се собираат од граѓаните мислам дека не треба дополнително да се субвенционираат. Станува збор за генерално лиценцирани фирми кои имаат големи профити и компании кои користат јавни добра“, објасни министерот Бектеши
Владата во моментов преговара со соседните држави, Србија, Бугарија и Грција за да нема прекини во извозот на електрична енергија и да се одржи стабилноиото пренос и снабдување во претстојниот период.
Преговорите со Бугарија преку работните групи се почнати а планот е да се купуваат по потреба и до 5 гигаватаи дневно струја но по цена пониска од онаа на слободниот пазар. Со Србија пак се договара соработка така што таму би се испорачувала електрична енергија а за возврат во Северна Македониај би се доставувале неопходните енергенси за производство.
Наредната недела премиерот Ковачевски оди во Атина на средба со грчкиот колега Мицотакис за да се договори и потврди соработката во престојниот кризен период и евентуална набавака на електрична енергија и енергенси.
Според официјалните ионфромации веќе се договори набавките на гас за ТЕ-ТО кое ќе има значајна улога во зимскиот период а има доволно залихи од мазут за ТЕЦ Неготино.