За последните 20 години, истражувачите на СИДА ја проучуваа концентрацијата на ХИВ во гениталниот секрет како потенцијален индикатор за инфективност. Но ниедна од студиите не била доволно голема да се дојде до цврст заклучок.
Последната студија, изведена од асистент-професорот за глобално здравје и медицина Џаред Беитон, од Универзитетот на Вашингтон во Сиетл, инволвираше повеќе од две ипол хетеросексуални двојки во седум африкански држави. Кај сите двојки, еден од партнерите бил инфициран, а другиот не.
Беитон вели дека истражувачите нашле оти повисока концентрација на ХИВ во примероците на вагинален секрет или машка семена течност значи повисок ризик од трансмисија на ХИБ меѓу партнерите.
„Односот беше линеарен. Како што количината на ХИВ во гениталните примероци се зголемила, ризикот од трансмисија се зголемил. Ова се однесува на пренос од жени на мажи и од мажи на жени“, вели Беитон.
Тој вели дека истражувачите знаеле за последнава деценија дека има врска меѓу количината на ХИВ во крвта на инфицираните поединци и и ризикот од трансмисија.
Беитон забележува дека низ поголем дел од светот болеста не се шири преку крвта, туку преку сексуален однос и контакт на гениталните течности.
Беитон вели дека концентрацијата на ХИВ во крвта може да варира од ден на ден, и некои инфицирани поединци може природно да имаат помало ниво на вирусот во крвта.
Написот за ова наоѓање е објавен во журналот Science Translational Medicine.