Линкови за пристапност

Градови на украинскиот фронт (трет дел): Жителите на Лиман останале без своите домови


Градови на фронтот
Градови на фронтот

Во третиот дел од нашата серија за градовите во борбената зона на Украина, Гласот на Америка патува до претходно окупираниот град Лиман, стратешка раскрсница позната локално како „Портите на Донбас“

Жителите велат дека можеби е предоцна Лиман некогаш да се врати во нормала. Цели населби се срамнети со земја, фабриките се затворени, а железницата, каде што порано работеше околу 35 отсто од населението, веќе не е во функција

Во третиот дел од нашата серија за градовите во борбената зона на Украина, Гласот на Америка патува до претходно окупираниот град Лиман, стратешка раскрсница позната локално како „Портите на Донбас“. Недалеку од градовите кои се претворија во урнатини, жителите на некогашниот просперитетен град сега спијат во подруми на напуштени фабрики и железнички дворови.

Пред да почне војната и градот Лиман да биде окупиран од Русија, како и пред жестоката битка која заврши со враќање на неговата контрола на Украина, овој град беше нарекуван од локалното население како „Портите на Донбас“. Тој беше извозен центар за регионални стоки, како јаглен, сол и песок.

Сега е бомбардиран секоја недела. Жителите велат дека честопати не се мачат да го поправат домот, бидејќи нападите никогаш не престануваат.

Лида (85) ни покажа што останало од нејзиниот стан откако бил погоден од бомби.

„Ова е мојот стан. Ништо не остана. Огнот уништи сè. Пожарот однесе сè. Немаше да верувам ако не го видов“, вели Лида.

Некои жители велат дека можеби е предоцна Лиман некогаш да се врати во нормала. Цели населби се срамнети со земја, фабриките се затворени, а железницата, каде што порано работеше околу 35 отсто од населението, веќе не е во функција.

„Пред војната сите работеа за железницата. Сега е тешко да седите во засолниште и да чекате да јадете. Многу е тешко. Жалам што не заминав“, вели Ана, која работела во железницата.

На околу 15 километри од Лиман, а на само неколку километри од линијата на фронтот, се наоѓа селото Торске, кое е речиси целосно напуштено.

Украинските војници кои шетаат наоколу велат дека градот сè уште е пред очите на руските војници и често го погодуваат.

Руските војници, исто така, оставиле возила, униформи и лични предмети кога се преселиле од Торске и немало кој да исчисти.

Пред година и половина, Лиман имал повеќе од 20.000 луѓе. Сега, неколкуте илјади што останале, често живеат во засолништа, преживувајќи само со помош донесена надвор од градот.

„Го бомбардираа покривот на зградата и мојот стан изгоре. Морав да бегам облечена во наметка и влечки. Изгубив сè. Од минатата година живеам во подрум“, вели Лида.

Се очекува Украина да започне масовна контраофанзива оваа пролет, а Русија изгради одбрана на границите на териториите што сега ги окупира во Украина.

Жителите на Лиман велат дека ако повторно има борби во нивниот град, ќе немаат ресурси за да преживеат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG