Линкови за пристапност

Најмалку двајца загинати при руски напад на музеј во Купјанск, вели Киев


Зеленски рече дека одговорните за воените злосторства „дефинитивно ќе бидат изведени пред лицето на правдата и тоа ќе биде безмилосно“
Зеленски рече дека одговорните за воените злосторства „дефинитивно ќе бидат изведени пред лицето на правдата и тоа ќе биде безмилосно“

Украинските власти соопштија дека руски проектил погодил музеј во градот Купјанск, при што загинале најмалку две лица, а 10 други биле повредени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија прави се` за да ги уништи историјата, културата и народот на Украина.

„Убивање на Украинци со апсолутно варварски методи“, рече Зеленски по нападот во Купјанск. „Немаме право да заборавиме на тоа ниту една секунда. Мораме и ќе одговориме“.

Зеленски рече дека одговорните за воените злосторства „дефинитивно ќе бидат изведени пред лицето на правдата и тоа ќе биде безмилосно“.

Руските сили го зазедоа Купјанск, важен железнички центар во североисточна Украина, за време на раниот дел од инвазијата што ја започна во Украина минатата година.

Украинските сили ја вратија контролата врз градот во септември.

Дел од информациите се преземени од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG