Линкови за пристапност

Гордана Силјановска Давкова: Некои настани деновиве не наликуваа на фер избори


Се надевам дека граѓаните ќе сфатат дека избирачкото право е нивно“, истакна Силјановска Давкова
Се надевам дека граѓаните ќе сфатат дека избирачкото право е нивно“, истакна Силјановска Давкова

некои настани што се случуваа деновиве не наликуваа на фер и демократски избори. Имав средба и со набљудувачите. И тие го знаат тоа. Но, се надевам дека граѓаните ќе сфатат дека избирачкото право е нивно“, истакна Силјановска Давкова

Верба дека ќе победи, но и загриженост поради бојкотирање на претседателските избори изрази кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска Давкова после нејзиното гласање денеска во Скопје.

Гордана Силјановска Давкова: Очекувам да го зацврстам резултатот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:23 0:00
Некои настани деновиве не наликуваа на фер и демократски избори
Гордана Силјановска Давкова

„Ако мислите во поглед на резултатот, очекувам да го зацврстам. Но, ако мислите во поглед на регуларност, нерегуларност, не можам да кажам, не знам, бидејќи некои настани што се случуваа деновиве не наликуваа на фер и демократски избори. Имав средба и со набљудувачите. И тие го знаат тоа. Но, се надевам дека граѓаните ќе сфатат дека избирачкото право е нивно“, истакна Силјановска Давкова.

Во одговорите кон новинарските прашања, Силјановска Давкова упати и критика за ветото од Бугарија за членство на Северна Македонија во ЕУ.

„Не можам да не кажам дека ветото не го сметам за инструмент на градење пријателство и добрососедство. Очекувам Бугарија, бидејќи е во ЕУ, да го следи моделот на Шведска, Данска, Финска, кои беа главните поддржувачи на Летонија и Естонија“, додаде Силјановска Давкова.

Кандидатката воедно посочи дека ќе се залага за развој на цврсти врски со соседните земји.

„Една од моите први изјави беше дека јас нема да патувам, ниту во Брисел, ниту во светот, освен ако не ме викнат. Туку, првите средби би сакал да ги имам со соседите. Ние мораме да градиме регионална политика. Само така и во ЕУ ќе бидеме посилни“, истакна Силјановска Давкова.

XS
SM
MD
LG