Линкови за пристапност

Охриѓани и стружани имаат позитивни очекувања од идниот претседател и новата влада


Охрид, С.Македонија
Охрид, С.Македонија

Во Охрид беше раздвижено на избирачките места, каде граѓаните го остваруваа своето избирачко право на претседателските и парламентарни избори. Екипата на Гласот на Америка посети неколку избирачки места во охридско-струшкиот регион. Граѓаните имаат позитивни очекувања од идниот претседател, идните пратеници и новата влада. Ги повикуваат да посветат поголемо внимание на младите, и да го запрат трендот на иселување од државата.

Во Охрид и Струга владее празнично расположение
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:44 0:00

„Од изборите очекувам да бидат фер и да биде се како што треба. Од идниот претседател и идните пратеници очекувам да ја водат државата како што треба, да донесат убави закони и да донесат убава иднина за сите граѓани на Македонија. Јас сум студент. Очекувам од оваа влада, да донесe подобар студентски стандард, да ни ги реновираат домовите, да ни дадат повеќе стипендии, како и повеќе финансиски средства за нашите потреби. Очекувам да ни дадат и работни места, каде ќе можеме да се вработиме веднаш после факултетот“, вели еден студент од Струга.

„Очекувам да биде најдобро за цел народ. Затоа одиме на гласање, за да биди убаво за сите. Треба да обезбедат работа за сите, младите да се вработат за да не ни бегаат во странство, да останат тука во својата држава. Државата да ни се шири, а не да ја изгубиме“, вели една жителка на Охрид.

„Сакам да биде се најдобро за народот. Друго не очекувам ништо. Треба да има работа за младите, за да не ни бегаат во странство. Сите да ги отворат очите сега. Кој и да победи треба да знае дека треба да ги направи сите тие работи и да работи за народот“, вели жителка на Охрид.

„Од идниот претседател очекувам многу, но не и од пратениците, затоа што во изминатите 30 години ништо не е направено, па затоа и сега ништо не очекувам“, вели жителка на Струга.

Парламентарни и претседателски избори во С. Македонија, 8 мај 2024 година
Парламентарни и претседателски избори во С. Македонија, 8 мај 2024 година

Она што беше забележително на избирачките места е помал интерес за гласање за претседателските избори, отколку за парламентарните избори. Особено ваквата слика беше присутна во Струга и струшко, во населените места со доминантно албанско население.

„Гласањето во Струга тече најнормално. Избирачките места беа отворени навреме во 7 часот наутро. Граѓаните имаат право во избирачкото место да влегуваат само еднаш и имаат право да го земаат само едното гласачко ливче или двете ливчиња. Тоа е право на граѓаните“, вели Минир Жута- претседател на Општинска изборна комисија во Струга.

„Во Охрид гласањето течеше без големи проблеми. Се отворија сите гласачки места навреме во 7 часот. На едно гласачко место имавме технички проблем, но истиот го надминавме за брзо и потоа продолжи гласањето. Имавме дванаесет приговори, од кои осум беа позитивно решени“, вели Предраг Спасојевиќ-потпретседател на Општинска изборна комисија во Охрид.

XS
SM
MD
LG