Линкови за пристапност

Голем дел од жртвите во трговијата со луѓе биле „уловени“ преку интернет


Голем дел од жртвите во трговијата со луѓе биле „уловени“ преку интернет
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:19 0:00

На возраст од 12 до 17 години се најголемиот број девојчиња кои стануваат жртви на трговија со луѓе во Северна Македонија. Сериозен проблем станува и онлајн трговијата, при што интернетот станува алатка за регрутација и експлоатација на жртвите. Автор Мики Трајковски. .

„Се почна после мојот 8-ми роденден. Имавме и торта и после тоа татко ми почна многу да пие и се караа со мајка ми постојано. И така се растури сѐ“.

Така раскажува една од жртвите на трговија со луѓе, чие сведоштво е дел од документарниот филм „Излез“.

„После тоа ме праќаа по улици да просам. Постарата сестра веќе просеше по улици. Еден ден таа ми кажа за едно место, еден празен хотел. Таму имаше еден маж и една жена со бебе. Тие на почеток се однесуваа многу добро со мене. Тој човек се дрогираше многу и јас почнав да се дрогирам заедно со нив. После парите од просење им ги давав на нив. Тој човек почна да ме праќа да одам и со други мажи“, раскажува жртвата, чиј идентитет не се открива.

Но, нејзината голгота не завршува тука. Кога имала само 11 години, тогашниот нејзин партнер, кој бил постар од неа ѝ наоѓал клиенти, а парите ги земал за себе. Подоцна била сместена кај баба ѝ.

„Баба ми насила ме омажи со еден глувонем и тој многу ме малтретираше сексуално. Не можев да издржам и избегав пак кај баба ми. Но таа пак ми најде друг дечко и пак ме омажи. Тогаш имав 14 години. Но тој беше многу љубоморен. Ме затвори во четири ѕида и не ми даваше да излегувам“, раскажува жртвата.

Оваа девојка, чија што судбина е прикажана во документарниот филм „Излез“ е само една од жртвите на трговија со луѓе во земјата. Таа сега има 15 години и е сместена во згрижувачкиот центар на невладината организација, „Отворена порта – Ла Страда “, каде добива психосоцијална, здравствена и правна помош и продолжува со образование. Денес е целосно излечена од зависности.

„Минатата 2023 година, кај нас во центарот за жртви на трговија со луѓе беа сместени вкупно 11 жртви и потенцијални жртви на трговија со луѓе, кои што се девојчиња на возраст од 10 до 17 години. Според нашите податоци најмалата возраст е осум годишно девојче“, вели Билјана Јовановска од „Отворена порта – Ла Страда“.

Таа вели дека состојбата со трговија со луѓе во Северна Македонија е загрижувачка, затоа што 90 отсто од жртвите во последните неколку години се девојчиња на возраст од 12 до 17 години, што ја нагласува итната потреба од интервенции од државата за заштита и подршка на оваа ранлива категорија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG