Линкови за пристапност

4,5 години затвор за лицето што упадна во Конгресот и стави нозе на бирото на Пелоси


Барнет беше потпрен на столот со чизмите на бирото во канцеларијата на Пелоси кога фотографот на АФП го фотографираше
Барнет беше потпрен на столот со чизмите на бирото во канцеларијата на Пелоси кога фотографот на АФП го фотографираше

Ричард Барнет (63) од Арканзас, кој беше фотографиран со нозете на маса во канцеларијата на поранешната спикерка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, откако се приклучи на толпата што упадна во Капитолот на САД во 2021 година, беше осуден денес на четири и пол години затвор.

Барнет беше потпрен на столот со чизмите на бирото во канцеларијата на Пелоси кога фотографот на АФП го фотографираше.

Фотографијата стана еден од претпознатливите знци на нападот на Конгресот на 6. јануари 2021 година.

Барнет им се придружи на приврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп кои упаднаа во Конгресот за да го затворат законодавниот дом кој се собра за да го потврди демократот Џо Бајден за следен претседател на САД.

Поротата во Вашингтон го осуди Барнет во јануари по осум точки, вклучително и попречување на конгресното потврдување на изборите, илегално влегување во Капитол и неуредно однесување со опасно оружје..

Обвинителите побараа од судијата Кристофер Купер казна од седум години затвор.

Во нивното известување за пресудата, обвинителите рекоа дека Барнет не покажал никакво каење и дека „се обидел да профитира од неговата озлогласеност и криминално однесување“ со продажба на „автографски фотографии од него во кабинетот на спикерот“.

Бранителот на Барнет побара од судијата да му изрече казна од 12 месеци.

Барнет, пак, ги бранеше своите постапки како остварување на неговото уставно право на протест.

Повеќе од 1.000 луѓе се уапсени за учество во, како што велат обвинителите, бунт за да го задржат Трамп во Белата куќа по неговата изборна загуба.

Извор: Агенција Франс-прес

XS
SM
MD
LG