Линкови за пристапност

Четири години затвор за лице што со палка ја нападна полицијата во Конгресот на 6 јануари


Џефри Силс од Вирџинија кој ја нападна полицијата со украдена палка и користеше трепкач за да ги дезориентира полицајците кои се обидуваа да го одбранат американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, е осуден на повеќе од четири години затвор.

Тој е осуден за напад со опасно оружје, попречување на Конгресот и грабеж, а веќе одлежа една и пол година зад решетки од неговото апсење во јуни 2021 година.

Обвинителите велат дека Силс фрлил неколку предмети слични на столбови кон полицијата, украл полициска палка од полицаец и ја користел таа палка за постојано да удира по полицајците.

Неговиот адвокат рече дека тој не дошол во Вашингтон на 6. јануари со каква било намера да изврши насилство.

Извор:АП

XS
SM
MD
LG