Линкови за пристапност

Бејнер: Конгресот ќе одложи гласања поради оружениот инцидент


Бејнер: Конгресот ќе одложи гласања поради оружениот инцидент
Бејнер: Конгресот ќе одложи гласања поради оружениот инцидент

Во кусата изјава, Бејнер соопшти дека ќе бидат одолжени закажните гласањата, меѓу кои и она за отповикување на законот инициран од претседателот Барак Обама за реформа на здравствена заштита.

Претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер изјави дека застрелувањето на конгресменката Габриел Гифордс во саботата нема да ги сопре нејзините колеги да ги извршуваат задачите, иако ќе одложат неколку закажани задачи неделава што доаѓа.

Во кусата изјава, Бејнер соопшти дека ќе бидат одолжени закажните гласањата, меѓу кои и она за отповикување на законот инициран од претседателот Барак Обама за реформа на здравствена заштита. Коментирајќи го инцидентот, Бејнер рече дека ниту еден чин, без разлика колку и да е грозоморен, не треба да го сопре Конгресот да ги исполнува своите должности.

Бејнер кажа и дека знамињата во конгресната зграда, во делот каде што се наоѓа Претставничкиот дом, ќе бидат на половина копје, поради соработникот на Гифордс, загинат во нападот.

Претседателот Обама саботата изјави дека оружениот инцидент во Аризона, во кој загинаа шест а беа повредени 13 лица, е трагедија за целата земја. Гифордс беше застрелана додека ги слушаше надежите и грижите на своите соседи, рече Обама.

XS
SM
MD
LG