Линкови за пристапност

Гифордс гравитираше кон политичкиот центар


Гифордс гравитираше кон политичкиот центар
Гифордс гравитираше кон политичкиот центар

Гифордс е член на блокот умерени и конзервативни демократи во Претставничкиот дом чии редови се проретчија по поразите на партијата на конгресните избори.

Конгресменката од Аризона Габриел Гифордс во текот на целата политичка кариера гравитираше кон политичкиот центар, дури и кога политиката во Вашингтон стана пополаризирана.

Гифорд само што започна со третиот мандат во Претставничкиот дом кога саботата беше застрелана во главата.

40-годишната демократка успеа на трипати да освои изборна победа во нејзината конзервативно-наклонета конгресна изборна единица со своите центристички позиции и директниот контакт со гласачите. На последните избори во ноември, таа успеа да победи кандидат кој имаше поддршка од конзервативното движење „Ти парти“.

Гифордс е член на блокот умерени и конзервативни демократи во Претставничкиот дом чии редови се проретчија по поразите на партијата на конгресните избори. Таа за прват стана членка на Конгресот во 2006-та, во бранот демократски победи.

Гифорд беше член на Комисиите на Претставничкиот дом за вооружени служби, наука и технологија, и надворешни работи. Работеше на прашања како имиграционата реформа, алтернативни видови на енергија и истражувања со матични клетки.

Во однос на имиграцијата, Гифордс бараше засилувања на границата со Мексико, но и сеопфатна имиграциона реформа.

Минатиот март, таа беше една од неколкуте демократи вознемирувани поради тоа што го поддржаа законот за реформа на здравствената заштита. Влезната врата на нејзината канцеларија во Тусон стана мета на вандализам.

Сопругот на Гифордс, Мајк Кели, е астронаут. Тој треба да командува со спејс-шатл мисијата до Меѓународната вселенска станица во април.

XS
SM
MD
LG