Ново истражување на јавно мислење (NBC/Marist) од неделата покажа дека Ромни има поддршка од 42 проценти на републиканците во Флорида, додека Гингрич е со 27 проценти поддршка.
Ромни, мултимилионерски инвеститор и поранешен гувернер на Масачусетс, треба да победи во Флорида за да добие моментум откако изгуби од Гингрич на прелиминарните избори во Јужна Каролина на 21 јануари. Последните истражувања на јавно мислење покажуваат дека по една недела на интензивна кампања, водството на Ромни се чини дека се проширува.
Сепак, Гингрич вели дека очекува трката во Флорида да биде потесна од индицираното. Зборувајќи по служба во црква близу градот Тампа, Гингрич го врати ударот против Ромни, нарекувајќи го „Умерениот од Масачусетс, кој е заложник за абортус, за контрола на оружјето, и за зголемување на даноците.
Од негова страна, Ромни на поддржувачите им кажа дека Гингрич наоѓа оправдувања за неговото лошо дебатирање. Тој претходно го нападна Гингрич дека бил најден за виновен за етички прекршоци што го принудиле да даде оставка како спикер на Претставничкиот дом.