Линкови за пристапност

Унгарскиот парламент го одобри членството на Финска во НАТО


Турција сега е единствената од 30-те членки на НАТО што не го ратификувала пристапувањето на Финска во НАТО
Турција сега е единствената од 30-те членки на НАТО што не го ратификувала пристапувањето на Финска во НАТО

Унгарскиот парламент ја одобри кандидатурата на Финска за членство во НАТО, со што стави крај на повеќемесечните одложувања и со што оваа земја е чекор поблиску да стане полноправна членка на западната воена алијанса.

Унгарските пратеници денес гласаа со 182 гласа за и само шест против, без воздржани.

Гласањето дојде откако унгарската влада ги фрустрираше сојузниците во НАТО и Европската Унија со постојано одложување со месеци, откако речиси сите други членки на Алијансата ја ратификуваа кандидатурата на Финска.

Со одобрение на Унгарија, Турција сега е единствената од 30-те членки на НАТО што не го ратификувала пристапувањето на Финска во НАТО.

Сепак, кандидатурата за членство на Шведска останува неизвесно, а гласањето за ратификација од Унгарија или од Турција сè уште не е поставено.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG