Линкови за пристапност

Финска истражува: Километарска трага од сидро кај искинатите кабли во Балтичкото море


Финска истражува: Километарска трага од сидро кај искинатите кабли во Балтичкото море
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Финските власти открија километарска трага од сидро на брод што превезува руска нафта кај искинатите енергетски и телекомуникациски кабли во Балтичкото Море. Се сомневаат за саботажа. Тоа е последен во серијата слични инциденти во последниве месеци. Известува Хенри Риџвел.

Танкер со руска нафта е задржан во близина на брегот на Финска додека властите ја истражуваат штетата предизвикана на напојувањето и на интернет каблите во Балтичкото Море.

Финската полиција соопшти дека открила трага од влечење долга десетици километри на морското дно, која очигледно била создадена од сидро.

„Четири кабли се искинати. Можевме да ја ставиме ситуацијата под контрола и да го лоцираме предметниот брод, да го донесеме во финските води и да започнеме кривична постапка”, изјави финскиот претседател Александар Стуб.

Финските власти се сомневаат дека Игл Ес, регистриран на Кук островите, е дел од таканаречената руска „флота во сенка“ на застарени бродови што се користат за избегнување на западните санкции за нејзиниот извоз на нафта, воведени по целосната инвазија на Москва во 2022 година на Украина. Кремљ не одговори директно на обвинувањата за саботажа.

Оштетувањето на кабелот за напојување Естлинк-2 и трите телекомуникациски линии е само последниот во серијата слични инциденти во Балтичкото Море.

Во ноември, кинески брод беше осомничен дека прекинал два оптички кабли за податоци во шведските води.

Минатата година беше оштетен гасоводот Балтиконектор што ги поврзува Естонија и Финска. Десет месеци подоцна, Кина рече дека брод регистриран во Хонг Конг ја предизвикал штетата во бура - но Финска беше скептична за приемот.

Естонија бара измена на поморските закони.

„Тоа не може да биде случајно. Ваквите ситуации не се типични, не само за нашиот регион, туку и за другите региони во светот. Со оглед на технолошкиот развој што го имаме, сметаме дека е добра идеја да го разгледаме меѓународното право за да ги направиме овие истраги понепречени”, вели Лиса Пакоста, естонска министерка за правда.

НАТО соопшти дека ќе го зајакне своето присуство во Балтичкото Море. Алијансата неодамна организираше поморски вежби во регионот. Но, одговорот на очигледните хибридни напади - како што е таргетирањето на подморските кабли - е сложено, вели аналитичарот Чарли Салониус-Пастернак.

„Ако го припишете, или обвинувате некого, дали ќе го засилите кругот? И што ќе направите за тоа? Затоа што очигледно не можете да ги користите истите „алатки за одмазда“ против Русија и Кина. Барем сè уште не”, додава Салониус-Пастернак.

Властите велат дека може да потрае до август за да се санираат оштетувањата на кабелот Естлинк 2.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG