Поранешниот водечки американски експерт за заразни болести, доктор Ентони Фаучи, негираше дека ја прикрил теоријата оти ковид-19 протекол од лабораторија во Кина, велејќи им на законодавците дека никогаш не влијаел на истражувањето за потеклото на вирусот.
Првпат јавно да се осврне на наводите по 14-часовното сослушување одржано зад затворени врати во јануари, Фаучи, исто така, повтори дека верува оти најверојатното потекло на пандемијата е со пренос од животно на човек.
„Исто така, бев многу, многу јасен и кажав повеќе пати, дека не мислам оти концептот дека постои лабораторија (протекување) е во суштина теорија на заговор“, рече тој.
„Она што е заговор е видот на искривување на таа конкретна тема, како дека протекување од лабораторија, а јас пуштен во ЦИА како Џејсон Борн и ѝ кажав на ЦИА дека навистина не треба да зборуваат за протекување од лбораторија“, рече тој на панел во Претставничкиот дом на САД.
Фаучи, се пензионираше во декември 2022 година по 54 години во Националниот институт за здравје на САД, вклучувајќи 38 години како директор на Националниот институт за алергија и заразни болести. Тој беше главен медицински советник на претседателот Бајден.
Комитетот, формиран за да го открие потеклото на вирусот, откри имејли на кои се прикажани врвни функционери на Националниот институт за здравје кои се обидуваат да ги сокријат јавните записи, избегнувајќи ги барањата согласно Законот за слобода на информации.
Приватните имејли сугерираат дека некои службеници, вклучително и долгогодишниот советник и помошник на Фаучи, ја избришале кореспонденцијата и користеле приватни имјели за да ги заобиколат законите за јавна евиденција.
Фаучи минимизираше колку тесно соработувал со советникот Дејвид Моренс, велејќи дека не е сигурен дали Моренс воопшто одговар пред него директно и дека нивните канцеларии се во различни згради.
Тој негираше дека некогаш користел приватен имејл за да разговара за владиниот бизнис.
Моренс му има кажано на Поткомитетот дека можеби испратил имејли во кои се разговара за владиниот бизнис на личниот имејл на Фаучи.
Фаучи рече дека Моренс повеќепати ја прекршувал политиката на Националниот институт за алергија и заразни болести и негираше дека некогаш сакал да избегне барање за пристап до јавни информации.
Тој, исто така, ги опиша вознемирувањата и смртните закани што ги добиле тој и неговото семејство, откако многу републикански законодавци го омаловажија поради неговите ставови за пандемијата и се залагаат за вакцини против ковид, како и обвинувања, без докази, за вмешаност во масовно прикривање поврзано со глобалното здравствена криза.