Oграничените извори на информации, нетранспарентностa, концентрацијата на медиумската сопственост и притисоците врз новинарите зедоа данок во однос на медиумската слобода, оценуваат новинари и експерти.
Падот на Македонија за 22 места според индексот на слободата на медиумите, констатиран во извештајот на меѓународната организација Репортери без граници, не е изненадување за македонската јавност, особено не за медиумската.
Здружението на новинарите на Македонија се согласува со оценката на Репортери без граници, со жалење констатирајќи дека таа реално ги отсликува состојбите во македонските медиуми.
„Крајно време е владините институции, но и политичките партии и јавноста да се соочат со фактот дека слободата на медиумите во Македонија е сериозно загрозена и не може да се надмине без суштинска промена на односот кон работата на медиумите и на новинарите. Потребна е силна политичка волја да се ослободи просторот и медиумите да можат да ја остварат мисијата што ја имаат во секое демократско општество како ’watchdog’ и како отворена платформа за дебата за прашања од јавен интерес“, се вели во соопштението на Здружението.
Со костатациите на Извештајот се согласуваат и во Македонскиот институт за медиуми (МИМ).
„Овие исклучително лоши показатели за степенот на медиумските слободи имаат повеќекратни негативни ефекти врз угледот на државата и на нејзините граѓани, бидејќи слободата на медиумите е огледало и за степенот на демократијата, слободите на граѓаните и нивното право на пристап до информации т.е. до вистината“, ни рече директорката на МИМ, Биљана Петковска.
За Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права,
„воопшто не изненадува фактот дека РМ бележи енормен пад кога станува збор за слободата на медиумите ако се има предвид дека токму медиумите вeќe подолг временски период претставуваат инструмент на власта за справување со политичките противници, неистомисленици, но и сите други што размислуваат критички“.
„Не само што се наоѓаме во состојба каде веќе речиси и да не постои независен медиум, туку цензурата стана дел од секојдневието и уште пострашно, автоцензурата. Наместо медиумите да претставуваат орудие за ширење на слободната мисла и вистината, за жал, медиумите и` послужија на власта да го шири говорот на омраза и промовирање само и единствено на идеите и политиката на власта”, ни изјави извршната директорка на Хелсиншкот комитет, Уранија Пирговска.
Од владата нема коментар за состојбите во однос на слободата на медиумите, кои се потенцирани и во Извештаите за напредок на ЕК. Премиерот Никола Груевски, на пратеничко прашање што ќе преземе владата за да се подобри слободата на медиумите, кусо изјави дека одговорот ќе го достави во писмена форма.