Глобална медиумска мониторинг група вели дека слободата на медиумите не се поправила минатата година во Северна Африка и Блискиот исток, и покрај таканаречената Арапска пролет што продолжува да се шири низ регионот.
Во годишниот извештај „Индекс на слободата на светскиот печат“ објавен во средата, Репортерите без граници го рангираа регионот најпогоден со протести како најлош во таа категорија. Се вели дека слободата на медиумите останала „за жалење“ во Тунис и Египет, каде протести довеле до промена на власта.
Во Сирија, извештајот вели дека новинарите и корисниците на интернет се жртви на „информациона војна“ започната од владата на Асад и опозиционите групи кои се „се` понетолерантни спрема неистомислениците“. Извештајот вели дека Сирија била држава со најголем број жртви меѓу новинарите во 2012.
Останатиот дел на Африка и азиско-пацифичкиот регион исто така се рангирани слабо во организацијата со седиште во Франција.
Најдобра оценка добија Финска, Холандија и Норвешка, од кои сите го имаа највисокиот индекс и лани. САД се подобриле за 15 места и сега се на 32-ро место во светот.
Од државите на Балканот, Македонија паднала 22 места и сега е на 116-то место, Црна Гора е на 113-то, Косово на 85-то, откако се подобрила од претходната година за едно место, додека Србија е на 63-то, Босна на 68-мо и Хрватска на 64-то место.