СПЕЦИЈАЛНО ЗА ГЛАСОТ НА АМЕРИКА ОД БРИСЕЛ —
Станува се` поизвесно дека Советот на министрите за внатрешни работи на ЕУ најдоцна до март ќе го усвои механизмот со кој на земјите-членки на Шенген-зоната им се овозможува суспензија на визната либерализација.
Во изјавата за Гласот на Америка на македонски јазик, претседателката на Kомисијата на Европскиот парлaмент за визна либерализација Тања Фајон наведе дека заканата за суспензија е сериозна и дека доколку земјите од Западниот Балкан не преземат итни мерки за спречување на бранот на баратели на азил, извесно е дека веќе напролет би можеле да бидат суспендирани од визната либерализација.
„Според предлогот на ЕК, активиран по барање на шесте земји членки на ЕУ - Луксембург, Холандија, Белгија, Германија, Франција и Австрија - суспензивниот механизам предвидува на трета земја што се наоѓа на белата Шенген-листа визите да можат повторно да и` бидат привремено воведени за период од шест месеци. Тој период може да биде продолжен за нови девет месеци, а доколку состојбата не се поправи ни во тој период, земјите-членки можат да побараат враќање на земјата на црната Шенген- листа. По усвојувањето на механизмот, се` минува во рацете на земјите-членки. Тие ќе можат да бараат воведување на визи за некоја земја. Тоа може многу брзо да биде сторено и ниту ЕК, ниту ЕП не можат повеќе да го спречат активирањето на суспензивната клаузула“, предупреди Тања Фајон.
Со цел да не се загрози визната либерализација, ЕК испрати повик до властите на балканските земји да сторат се` за да се подобри животниот стандард на населението, а особено на ромската заедница која е најбројна помеѓу барателите на азил.
“Бараме властите да ги засилат напорите за да ја решат таа ситуација. И не само за Ромите, туку и за другите нивни граѓани“, изјави портпаролот на ЕК Микеле Черконе.
Ситуацијата е уште поалармантна ако се земе предвид дека критичниот период е зимата, кога нагло се зголемува бројот на баратели на азил. Според Тања Фајон, на тој начин граѓаните од земјите на Балканот, притиснати од лошата социоекономска состојба, се обидуваат да ги искористат долгите процедури на одлучување за нивните барања за азил. Уживајќи ги бенефициите што се даваат во земјите-членки на ЕУ за време на процедурата, тие си обезбедуваат место да ја минат зимата.
Според податоците на ЕК, во првите осум месеци од оваа година се регистрирани 4.055 граѓани од Македонија кои побарале азил. Но, со оглед на претстојниот зимски период, се очекува драматично зголемување на бројката, која би можела да ја престигне рекордната од 2010-та, кога од Македонија пристигнале 7.550 граѓани со барање за азил. Граѓаните најчесто ги аргументираат своите барања со немање на услови во Македонија за социјална и здравствена заштита, како и можност за образување. Затоа, пратеничката Тања Фајон, слично како и ЕК, апелира во Македонија што поскоро да се преземат мерки за подбрување на состојбата, особено со ромската популација, од чии редови е и најголемиот процент на баратели на азил.
Во Канцеларијата на Европската иницијатива за стабилност во Брисел, која беше вклучена во процесот на либерализација на визниот режим, предупредуваат дека е тешко да се очекува во така краток период земјите од Балканот да преземат мерки што ќе ја подобрат социоекономската положба на одредени категории на граѓани, па затоа предлаат земјите од Шенген-зоната да ги суспендираат можностите за граѓаните од Западиот Балкан да бидат баратели на азил, што, според нив, автоматски би значело прекин на сите процедури за давање на азил, а со тоа и оневозможување на барателите да доаѓаат во ЕУ со таа цел.
На 26-ти октомври, Советот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел ќе расправа за овој проблем.