Линкови за пристапност

Ердоган ќе ја посети Русија да разговара за договорот за жито


Анкара се обидува да ја убеди Русија да се врати на договорот, според кој поморските пристаништа на Одеса испорачаа десетици милиони тони жито
Анкара се обидува да ја убеди Русија да се врати на договорот, според кој поморските пристаништа на Одеса испорачаа десетици милиони тони жито

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наскоро ќе ја посети Русија за да разговара за пропаднатиот договор на Обединетите нации, кој дозволи извоз на украинско жито од Црното Море, изјави во понеделникот портпаролот на турската владејачка партија.

Договорот со посредство на ОН и Турција траеше една година, но заврши минатиот месец откако Москва се повлече.

Анкара се обидува да ја убеди Русија да се врати на договорот, според кој поморските пристаништа на Одеса испорачаа десетици милиони тони жито.

Откако пропадна договорот за извоз на жито, руските сили ги гаѓаа украинските пристаништа со проектили и беспилотни летала камикази.

Омер Челик, портпаролот на АК Партијата, рече дека Ердоган „наскоро“ ќе го посети руското црноморско одморалиште Сочи, но не прецизираше дали ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

„По оваа посета може да има развој и може да се постигнат нови фази во врска со договорот за жито“, им рече тој на новинарите.

Кремљ во петокот соопшти дека постои разбирање оти двајцата лидери ќе се сретнат лично наскоро.

Блумберг цитира два анонимни извора во известувањето дека Ердоган се очекува да се сретне со Путин во Русија следната недела, веројатно на 8 септември, пред тој да отпатува на состанокот на Г20 во Индија.

XS
SM
MD
LG