Линкови за пристапност

Оштетени 44.000 тони жито во руски напади во јужна Украина


Житото било наменето за Африка, Кина и Израел, соопштија украинските власти
Житото било наменето за Африка, Кина и Израел, соопштија украинските власти

Напади со руски беспилотни летала го оштетија пристаништето на реката Дунав Измаил во јужна Украина, предизвикувајќи пожар и оштетувајќи 44.000 тони жито наменето за Африка, Кина и Израел, соопштија украинските власти.

Никој не беше повреден во нападот на Измаил, во близина на границата со Романија, клучна алтернатива во внатрешноста на црноморските пристаништа што Русија ги блокираше од безбеден премин.

Но, американската амбасадорка во Украина Бриџит Бринк рече дека нападите врз пристанишната инфраструктура во јужна Украина во последните денови го покажале непочитувањето на Русија кон украинските цивили.

„Русија нема желба за мир, нема размислување за цивилна безбедност и нема почит кон луѓето ширум светот кои се потпираат на храна од Украина“, рече таа во објавата на социјалните мрежи.

Сите напади се случија во последните две недели откако Русија се повлече од речиси една година старата Црноморска иницијатива за жито што им дозволи на украинските пратки безбедно да пловат преку Црното Море.

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал за договорот за жито од Црното Море со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор денес, потврдија двете земји.

Ердоган ја истакна важноста од рестартирање на пратките со жито, додека Путин рече дека „ќе се врати на договорот за жито штом Западот ќе ги исполни своите обврски“.

Рускиот лидер тврди дека западните санкции ги спречиле руските испораки на житарки и ѓубрива.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 23 беспилотни летала од иранско производство, лансирани од Русија од неколку правци во текот на ноќта, вклучително и некои насочени кон главниот град на Украина, Киев.

Во меѓувреме, во Вашингтон, портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер, рече дека украинската контраофанзива оди напред, но „тоа има и ќе продолжи да биде тешка борба за нив“.

Дел од информациите се од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG