СКОПЈЕ – Месеци, а не недели или денови, може да трае постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски. Ова е клучната информација од денешниот брифинг на медиумите во министерството за правда.
Според официјалните лица од Секторот за меѓународна правна помош во министерството за правда Палевски има право на правни лекови односно жалби во секој чекор од постапката и одлуките на турските власти, како првостепенета така и во натамошните повисоки судки инстанци во Турција.
За македонските власти е клучно што нивниот дел од работата го завршиле во максимално кус вренески рок и со тоа барем малку ја забрзале целата процедура.
„Кога станува збор за нашата држава, сè што требаше да се заврши во рок од 40 дена додека трае екстрадицискиот притвор на Палевски, е направено за два дена. Станува збор за голем број на постапки ш примање на списите од надлежните институции, изготвувањето на барањето за екстрадиција, превод на документите на турски јазик и праќање на барањето за екстрадиција“, брифираа од правда.
Од официјална Анкара пак е испратена потврда дека пристигнато и примено барањето за екстрадиција на Палевски. Од правда нагласуваат дека Турција во текот на процесот може да побара дополнителна документација.
За текот на постапката, турските власти не се должни да испраќаат официјални информации до македонските колеги а од правда соопштија дека турските власти секојдневно примаат и до 100 барања за екстрадиција.
Од Кабинетот на претседателот Пендаровски соопштија дека вчера била испратена порака до претседателот на Р. Турција, Реџеп Таип Ердоган, околу екстрадицијата на Палевски без да прецизираат што стоело во пораката.
Турските власти му одредија четириесетдневен екстрадициски притвор на Палевски, додека останатите осомничени се наоѓаат во притвор во затворот во Шуто Oризари.