Еден век по првата парада за Денот на благодарноста на стоковната куќа „Мејсис“, годишната празнична традиција започнува денес во Њујорк со нови балони Спајдермен и Мини Маус, изведби на Џенифер Хадсон и Идина Менцел и многу повеќе.
Како и во 1924 година, ќе има многу бендови што ќе маршираат и многу кловнови, по што ќе следи големото финале на Дедо Мраз кој поминува низ Менхетн и кој ќе ја донесе празничната сезона.
На овогодинешната парада има 17 џиновски балони исполнети со хелиум, 11 бендови кои маршираат, 700 кловнови, 10 групи за изведба, наградувани пејачи и актери и многу други.
„Работата што ја работиме, можноста да влијаеме на милиони луѓе и да донесеме малку радост за неколку часа утрото на Денот на благодарноста, е она што не мотивира секој ден“, рече Вил Кос, извршен продуцент на „Мејсис“ за Денот на благодарноста.
Парадата започнува во 8:30 часот во Менхетн и завршува околу пладне во главната продавница „Мејсис Хералд Сквер“ на 34-та улица, која служи како сцена и позадина за изведбите.
Без раслика дали има дожд или сонце, парадата била откажана само трипати од 1942 до 1944 година за време на Втората светска војна - но организаторите ќе ја следат брзината на ветерот во текот на свеченостите за да се уверат дека е безбедно да летаат големите балони.
Законот во Њујорк забранува „Мејсис“ да лета балони ако ветровите надминуваат 37 км на час.