Линкови за пристапност

Америка го слави Денот на благодарноста


Денот на благодарноста во Америка е годишен празник за благодарност и комеморација на празниците во раните американски традиции.

За многумина, сè е поврзано околу храната, семејството и забавата!

Но, има многу историја, легенди и мит позади тоа.

Најпознатата приказна е онаа за Вампа-наг, племе од домородните луѓе кои живееле во Америка илјадници години.

Кога колонистите пристигнале на Мејфлауер во Кејп Код, се соочиле со сурова зима во која починале половина од населението. Останатите преживеале, делумно, затоа што домородците им обезбедувале храна, земјоделството и риболов.

Американците го слават Денот на благодарноста
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Бидејќи страдале од болести предизвикани од претходните групи на Европејци и за да се одбранат од ривалските племиња, Вампа-наг стапиле во сојуз со колонистите.

Во 1621 година, двете страни славеле со празник, кој сега се смета за еден од првите како што е Денот на благодарноста во Америка.

Јаделе автохтона храна, пиеле и славеле заедно.

По повеќе од 50 години, договорот на крајот се распаднал, што резултирал со смрт на илјадници домородни народи. Преживеаните станале робови.

Колонистите изгубиле неколку стотици луѓе а биле уништени и повеќе градови.

Денот на благодарноста продолжи да еволуира со текот на времето.

Од Џорџ Вашингтон до Абрахам Линколн, кој го направи национален празник последниот четврток од ноември во 1863 година, Денот на благодарноста се промени во целост како се слави.

Претседателот Френклин Рузвелт во 1939 година, го назначи четвртиот четврток од ноември за официјален празник. Две години подоцна, Конгресот го одобри.

За некои Индијанци, Денот на благодарноста претставува смрт, уништување и жалост.

За многу Американци, тоа е ден за свечености, благодарност, молитва и милосрдие.

XS
SM
MD
LG