Линкови за пристапност

Драстично зголемени царини за кинеските производи се најавуваат во САД


Драстично зголемени царини за кинеските производи се најавуваат во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Администрациите на Бајден и на Трамп ја обвинија Кина за нефер трговски практики и преплавување со вештачки евтини стоки. Аналитичарите велат дека и двајцата претседателски кандидати користат царини за да се спротивстават на Кина и да ги зголемат работните места во САД. Известува Елизабет Ли.

Ова ѕвонче за велосипеди од 6 долари, произведено во Кина, може да чини 9,60 долари...ако дополнителните тарифи предложени од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп станат реалност.

„Подготвуваме тарифи за други земји. Другите земји конечно, по 75 години, ќе ни вратат за сето она што го направивме за светот. И давачката ќе биде голема во некои случаи“, истакна Трамп.

Што значи дека производите од кинеско производство ќе бидат погодени со дури 60% царина, според планот на Трамп. Тој, исто така, вели дека ќе воведе сеопфатни тарифи до 20 отсто за сите други земји.

И Трамп и демократската претседателска кандидатка Камала Харис велат дека сакаат да ги вратат работните места во САД.

„Политиката за Кина треба да биде таква што ќе осигура дека САД ќе победат цо конкуренцијата во 21 век“, посочи Харис.

Администрацијата на Бајден го задржа најголемиот дел од увозните даноци поставени за време на Трамп. Во мај, Бајден најави дополнително зголемување на царините за кинески увоз во вредност од 18 милијарди долари, вклучително и 100% увозен данок на кинески електрични возила.

Администрацијата на Бајден вели дека нејзините тарифи се постратешки насочени кон одредени индустрии и дека увозниот данок на Трамп зазема поширок пристап што ќе го чини американското домаќинство од средната класа 4.000 долари повеќе годишно.

Други проценки се околу 2.000 долари. Трамп вели дека потрошувачите нема да бидат погодени.

„Тој што ќе има повисоки цени е Кина и сите земји кои нè чинат со години“, истакна Трамп.

Но, кинеските бизниси не се тие што ги плаќаат даноците за увоз, објаснува експертот за синџирот на снабдување Кристофер Танг.

„За време на изборните години сите ветуваат нешто што е невозможно да се исполни. Но, вистината е дека увозните тарифи ги плаќаат американските фирми“, вели Танг.

Значи, за увезен телевизор од кинеско производство купен во Костко, Костко е тој што го плаќа данокот за увоз.

„Кога компаниите се соочуваат со високи увозни тарифи, има две опции. Едната е префрлање на високите увозни трошоци на потрошувачите, другата е да се притиснат кинеските фабрики да ги намалат цените“, додава Танг.

Танг вели дека ризикот од притискање на кинеските компании да ја намалат цената е лош квалитет на производите. Даноците за увоз може да значат помалку печатени етикети „произведено во Кина“, но тоа не значи дека има помалку увоз што доаѓа од Кина…

Тие само ќе имаат етикета од друга земја, вели Танг.

„Кина всушност испрати многу компоненти и делови во Виетнам, во Индија за конечно склопување. И тие крајни производи всушност се увезуваат и во САД. Затоа, вкупниот ефект врз Кина е - тие сè уште извезуваат повеќе, но не извезуваат директно во САД“, посочува Танг.

Светската трговска организација смета дека тарифите непропорционално влијаат на домаќинствата со ниски приходи, што значи дека ѕвончето за велосипеди од 9,60 долари и другите секојдневни производи може да бидат недостапни за некои потрошувачи ако се наметне 60% увозен данок на производи од кинеско производство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG