Линкови за пристапност

Директорката на Тајната служба поднесе оставка по обидот за атентат на Трамп


Ја преземам целосната одговорност за безбедносниот пропуст, рече таа во имејлот до вработените денес (Фото: Од сослушувањето во Конгресот на 22 јули, 2024)
Ја преземам целосната одговорност за безбедносниот пропуст, рече таа во имејлот до вработените денес (Фото: Од сослушувањето во Конгресот на 22 јули, 2024)

Директорката на Тајната служба се повлекува од позицијата, според имјелот што таа ја испрати до вработените, по обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп, што предизвика засилени негодувања за тоа како агенцијата задолжена за заштита на сегашните и поранешните претседатели потфрли во основната мисија.

Кимберли Читл, која беше директорка на Тајната служба од август 2022 година, се соочи со зголемени повици да поднесе оставка и неколку истраги за тоа како стрелецот успеал да стигне толку близу до републиканскиот претседателски кандидат на предизборен митинг во Пенсилванија.

„Ја преземам целосната одговорност за безбедносниот пропуст“, рече таа во имејлот до вработените денес.

„Со оглед на неодамнешните настани, со тешко срце донесов тешка одлука да се повлечам од функцијата ваш директор“.

20-годишниот Томас Метју Крукс успеа да стигне на 135 метри од бината на која зборуваше поранешниот претседател Доналд Трамп кога отворил оган.

Тоа е, и покрај заканата по животот на Трамп од Иран, што доведе до дополнителна безбедност за поранешниот претседател во деновите пред митингот на 13 јули.

XS
SM
MD
LG