Републиканскиот конгресмен Адам Кинзингер од сојузната држава Илиноис е најновиот член и на македонската група во американскиот Конгрес.
Како што наведува Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во соопштението по повод пристапувањето на Кинзингер, организацијата и македонските Американци се почестени што тој стана еден од групата пријатели на Македонија и ја поздравуваат поддршката на Кинзингер за земјата и нејзините аспирации за членство во НАТО.
Со пристапувањето на Кинзингер, инаку еден од најмладите американски конгресмени, но затоа број три по ранг во републиканското мнозинство во Претставничкиот дом, бројот на пријателите на Македонија во Конгресот нарасна на 16.
Македонската група, со која претседава конгресменката Кендис Милер од сојузната држава Мичиген, служи како тело за одржување и зајакнување на односите меѓу САД и Македонија. Во март годинава, ова тело предводеше со иницијативата во која 54 членови на Конгресот, вклучувајќи го и конгресменот Кинзингер, испратија заедничко писмо до претседателот Барак Обама, барајќи да го поддржи членството на Македонија во НАТО на самитот во Чикаго, наведува ОМД.