Линкови за пристапност

Македонската група во Конгресот побогата за еден


Congressman Steve Stivers (R)
Congressman Steve Stivers (R)

Со најновиот член, конгресменот Стајверс од Охајо сега брои 11.

Републиканскиот конгресмен Стив Стајверс од Охајо е најновиот член на македонската група во Конгресот.

„Ја поздравуваме неговата поддршка за Македонија и нејзиното членство во НАТО“, вели претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) Мето Колоски во соопштението за пристапувањето на Стајверс.

Со него, бројот на пријатели на Македонија во американскиот пратенички дом нарасна на 11.

„Нашата заедница има привилегија да стекне ваков лидер како член на конгресната група“, наведува угледниот адвокат Томи Танев од Атланскиот совет на ОМД дијапора.

Македонската група, со која претседава конгресменката Кендис Милер од сојузната држава Мичиген, служи како тело за одржување и зајакнување на односите меѓу САД и Македонија. Во март годинава, ова тело предводеше со иницијативата во која 54 членови на Конгресот, вклучувајќи го и конгресменот Стајверс, испратија заедничко писмо до претседателот Барак Обама, барајќи да го поддржи членството на Македонија во НАТО на самитот во Чикаго, наведува ОМД.
XS
SM
MD
LG