Линкови за пристапност

Расте македонската група во Конгресот


Конгресменот Крис Смит
Конгресменот Крис Смит

Републиканецот Крис Смит е претседавач на Американската хелсиншка комисија и виш член на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом.

Републиканскиот конгресмен Крис Смит од Њу Џерси е најновиот член на македонската група во Конгресот, чиј број сега нарасна на 12.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во соопштението подвлекува дека тој е докажан пријател на Македонија и дека го поддржува нејзиното зачленување во НАТО, како и дека е еден најгласните конгресмени за промовирање на човековите права.

Македонија е Македонија и ќе остане како таква.
Крис Смит, конгресмен од Њу Џерси.

58-годишниот Смит, кој во моментов го одработува 16-от мандат во Претставничкиот дом, е претседавач на Американската хелсиншка комисија и виш член на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом.

ОМД истакнува дека спроти самитот на Алијансата во Чикаго, за време на посетата во Скопје, на новинарите им изјави дека „Македонија е Македонија и ќе остане како таква. (Оваа земја) е извонреден сојузник во Авганистан и во Ирак. Според нашите команданти, македонските сили покажуваат одличен учинок и земјата ќе биде добредојдено засилување на безбедносниот систем на НАТО“.
Минатата недела, и републиканскиот конгресмен Стив Стајверс од Охајо стана член на македонската група во Конгресот.
XS
SM
MD
LG